Која е Гордана Силјановска Давкова? Министер на Црвенковски, претседателски кандидат на Мицкоски
  Објавено на
share

 

Која е Гордана Силјановска Давкова? Министер на Црвенковски, претседателски кандидат на Мицкоски

Др. Гордана Силјановска – Давкова е редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ по уставно право и политички систем.Силјановска беше министер без ресор во Владата на Р.М. во периодот од 1992 до 1994 година, кога премиер беше Бранко Црвенковски. Експерт на Женевската група за заштита на човековите права и слободи, експерт на Обединетите Нации. Зборува повеќе јазици. Предавала на повеќе светски универзитети. Што се однесува до приватниот живот. Родена е во турска куќа. Има албански побратим од 10 години. Во брак е 40-тина години, од трета година во Гимназија е заедно со сопругот, мајка на две деца, Марија и Павле. Една од потомките на Лидија од Македонија како што изјави после изборот на Конвенцијата.

-Но, она што ме води во животот е нешто друго. Потеклото во песната за Арсо Војвода од Подвис, ќе чуете дека бил на гости кај Стојкота, Стојко е мојот прадедо. Мојот татко на неполни 18 години заминал во партизани. Со три ордени за храброст излегол.

Силјановска изминативе години важеше за голем критичар на претходната власт. Особено како дел од професорскиот пленум.

-Ректорската управа го препознала професорот во себе можеби по нашето обраќање, потпишана од сите декани, дека веднаш ќе баарат повлекување на законот од Собранието.

По распишаните претседателски избори, на иницијатива на 30-тина професори од Правен факултет, таа поднесува кандидатура на јавниот повик на ВМРО-ДПМНЕ со што на конвенцијата во Струга е избрана за кандидат за Преседател на ВМРО-ДПМНЕ уште во првиот круг. Од над 500 делегати, за Силјановска гласале 408. За неа тоа е  доказ за реформскиот капациетет на ВМРО-ДПМНЕ да отвори порта за еден надпартиски кандидат.

-Зошто сум овде? Неколкупати ми се вкрстија патиштата со ВМРО-ДПМНЕ и со граѓаните на Р.М. првпат 2001 , вторпат во 2004 токму овде, кога надвор имаше повеќе полиција отколку народ. Третпат за Преспанскиот договор, 4 за закон за употреба на јазиците.

Силјановска изјави дека ќе ги замоли пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да поднесат изницијатива за намалување на привилегиите на Претседателот.  Според неа срамота е за една сиромашна земја да има 28 министерства, а една Швајцарија да има седум. Ќе формира експертски тим на домашни и странски професори по меѓународно право. За низ призмата на уставното и меѓународното право да се отвори прашањето за името кое смета дека не е затворено, пред меѓународните судови и институции. Доколку би била иден Претседател најави обраќање секогаш кога ќе има потреба а не еднаш годишно пред Нова година, бидејќи Уставот го дозволува тоа.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани