Финскот експеримент за безусловен приход - пропадна
  Објавено на
share

Финскиот експеримент со безусловен приход не доведе до раст на вработеноста

Финскиот експеримент за обезбедување безусловен приход не помогна да се зголеми вработувањето, објави Ројтерс, наведувајќи ги прелиминарните резултати од извештајот на проектот. Тој предлагаше поддршка за луѓето кои не можат да работат или се одлучиле да не го прават тоа, додека стремежот беше тие да бидат поттикнати да прифатат нископлатена или привремена работа, без да се плашат дека ќе ја изгубат социјалната помош.

Главниот заклучок од обидот е дека експериментот не успеа да ги натера невработените да најдат работа за подобрување на нивната финансиска и социјална состојба. Авторите на извештајот велат дека примателите на безусловен приход сметале дека се чувствуваат подобро во однос на луѓето во контролната група, што се потпирале на социјални бенефиции. Но, исто така, не постои видлива промена во подобрувањето на вработеноста за првата група.

Image result for finland experiment with basic income

Заклучоците се базираат само на првите 12 месеци од двегодишниот период, кој заврши на крајот на 2018 година. Втората година ќе биде опфатена во извештај, кој треба да излезе до мај 2020 година.

Авторите на извештајот од социјалниот институт „Kela“ и Министерството за социјала и здравство повикаа „да не се прават конечни заклучоци во оваа фаза“. Различни средства беа искористени за да се процени ефектот, вклучително и разговори со учесниците и контролната група, за да се провери промената.

Експериментот

Програмата во Финска започна во јануари 2017 година и ја претвори во прва европска земја за тестирање на безусловен приход. Учесниците, вкупно 2.000 луѓе, беа случајно избрани и добиваа сума од 560 евра месечно. Проектот беше прекинат кон крајот на минатата година, бидејќи владата разгледува други шеми за реформа на финскиот систем за социјално осигурување. Кога Финска започна со експериментот, стапката на невработеност изнесуваше 9,2% – повисока од другите скандинавски земји. Ова, како и комплексноста на финскиот систем за социјална помош ги поттикна повиците за амбициозни реформи во областа на социјалното осигурување, вклучувајќи и програмата за безусловен приход. Во јануари, стапката на невработеност во Финска го достигна минимумот во последниве 10 години од 6,6%.

Related image

Резултатите

Министерот за здравство и социјални работи, Пирко Матила, го оцени влијанието на основниот приход врз невработеноста како „омаловажување“. Главниот економист на експериментот, Ото Каниаинен пак, рече дека резултатите не се изненадувачки. „Економистите одамна знаат дека финансиските стимулации не функционираат како што очекуваат некои луѓе“, рече тој. Каниаинен, исто така, посочува дека примателите на приходите работеле 0,5 дена повеќе од оние во контролната група, кои примале традиционални социјални бенефиции. Со други зборови, во првата година некои од нив работеле во просек 49,64 дена, а другите 49,25 дена. Само околу 1% е разликата во големината на групите самовработени меѓу примателите на безусловниот приход и другата група со социјални бенефиции. Но, додека оние со загарантираната сума од 560 евра се малку повеќе, тие добивале во просек за 21 евра помалку од самовработените во контролната група (4.230 наспроти 4.251 евра). Оние со безусловен приход се чувствувале подобро во првата година – 55% од нив рекле дека се во добро здравје, споредено со 46% од другата група. Исто така, постои разлика во намалувањето на менталната тензија – 17% наспроти 25%, кои велат дека се под голем или многу висок стрес.

„Примателите на основен приход се чувствуваат посигурни за својата иднина, како и во нивната способност да влијаат најавни проблеми“, вели Мина Иликано, водечки истражувач од „Kela“.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани