Дали знаете дека се одржа протест за исчезнатите лица?
  Објавено на
share

 

Пред Собранието протест за исчезнатите лица: „Не ни се исчезнати мачињата, туку нашите најмили“

 

“Господине Спасовски, не ни се исчезнати мачињата туку нашите најмили“.  Со ваков транспарент семејствата на исчезнатите лица протестираа пред Собранието. Поминаа 83 дена откако 26 годишниот Пино е исчезнат. Веќе еден месец нема никаква вест за 35 годишниот Арбен. Нивните родители бараат одговорност од државните органите и велат дека додека МВР спие, а нивните роднини исчезнуваат. Родителите обвинуваат дека за случаите со исчезнатите лица не се спроведуваат потребните истраги и дека полицијата не им дава информации со месеци. Тие најавуваат протести и следната недела доколку МВР не излезе со некоја нова информација. Пред неколку дена министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изјави дека нема простор за паника, и дека бројот на исчезнати лица се намалува.

https://www.youtube.com/watch?v=7XAkfxOb088

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани