ЕУ изгласа-нема повеќе промена на сметање на времето-враќање на стрелките на часовникот-летно зимско време-НЕМА!!!
  Објавено на
share

  ОДЛУКА НА ОДБОР НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ 

ЕУ изгласа: од 2021 година се укинува поместувањето на часовникот 

Европската Унија денес презема дополнителни чекори кон укинувањето на летното и зимското сметање на времето.

Одборот на Европскиот парламент денес изгласа со 23 гласа „за“ и 11 „против“ во 2021 година да се укине поместувањето на часовникот кое со децении се случуваше двапати годишно, на пролет и во есен, јавуваат агенциите.

Останува на пратениците да одлучат кое време – летното или зимското – ќе биде усвоено во иднина, а во ЕУ постојат разидувања околу тоа кое од двете времиња треба да стане стандард.

Голем број држави членки го воспоставија менувањето на времето за време на нафтената криза во седумдесеттите, како обид да заштедат енергија.

Од 1996 година сите земји членки на ЕУ истовремено го менуваат своето време.

Предлогот сега оди во Европскиот парлемент и парламентите на земјите членки на ЕУ.

 
 



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани