Пендаровски: Би сакал да го поништиме Преспанскиот и да склучиме подобар – ама невозможно е!
  Објавено на
share

 

Пендаровски: Би сакал да го поништиме Преспанскиот и да склучиме подобар – ама невозможно е!

Заедничкиот кандидат на СДСМ и ДУИ за претседател на Република Македонија, Стево Пендаровски, вечерва во „Клик плус“ на ТВ21, рече дека и да се поништи договорот од Преспа, невозможно e да се склучи подобар.

Јас како етнички Македонец навистина би сакал да го поништиме овој договор, да отвориме процес на преговори и да добиеме нов, подобар договор. Невозможно е. Ги знаеме луѓето кои се во Грција сега, и овие сега и тие што евентуално ќе дојдат утре, знаеме што мисли меѓународниот фактор и ви тврдам дека формулацијата која зборува грчки Македонци и овие тука наши Македонци е уникум во меѓународното право. Тоа е делот во кој ние велиме и ти, кој живееш во Грција, ако сакаш, нарекувај се Македонец, не е проблем, ама немој да ми го оспоруваш правото јас да се изјаснувам, вели Пендаровски.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани