Американската компанија Energizer е најголемиот производител на акумулатрори и батерии во светот и тоа е нивната примарна дејност, така што беше вистинско изненадување кога се појавија на пазорот на мобилни телефони со еден навистина посебен и специфичен модел.
Додуша на шега би можеле да го опишеме како БАТЕРИЈА со вграден мобилен. Имено нивниот смартфон е достоен со името кое го носат и имиџиот на долготрајни и издржливи батерии и акумулатори, а и по самиот изглед.
Новиот паметен телефон е направен заедно со релативно непознатата компанија Авенир телеком, може да издржи и 50 дена со едно полнење, а се вика „Енерџајзер пауер макс П18-К“ и изгледа како екстерна батерија со екран.
Уредот има бaтepијa oд 18.000 милиампер-часови што му го дозволува да биде бесконечно во употреба, а содржи и 6,2-инчен фул ХД екран, пpoцecop Медијатек хелоу П-70, шест гигабајти РАМ и 128 мегабајти надворешнa меморија. Работи со Андроид 9 Пај.
Πpoтoтипот нa cмapтфoнот бeшe пpeтcтaвeн нa гoдинашниот Cвeтски ĸoнгpec за мобилни телефони во Бapceлoнa, a пpвитe испораки се очекуваат од oĸтoмвpи. Цената ќе изнесува 699 дoлapи.
Ако добро се загледате, се работи за "цигла", и тоа масивна, но секако дека на многумина добро ќе им дојде вакво нешто, авантуристи, истражувачи, оние кои патуваат во недостапни предели или едноставно луѓе кои им е згадено секое доаѓање дома да трчаат да спојат папочната врска со нивното им мило дигитално чедо.
На шега ... се мислиме дали со пар клеми ќе може да стартува автомобилили наполни празен акумулатор