По пожарот во Нотр Дам - ВО ОДБРАНА НА ЧУДОВИШТАТА
  Објавено на
share

ВО ОДБРАНА НА ЧУДОВИШТАТА

Со сликите од пожарот во катедралата Нотр Дам осамнаа и слики од статуите од „чудовиштата“ кои стојат на нејзината надворешност. Неповикани, и „ничим изазвани“, православни и протестанти масовно почнаа да ги споделуваат тие слики, коментирајќи како заради овие статуи оваа катедрала била повеќе сатанистичка отколку христијанска, како Бог ја изгорел (иако ако веќе Он го направил тоа не знам зошто чекал 8 века досега), и, најстрашното, дека ова би требало да е репер за сите останати слични зданија. Во сето ова, крајно злонамерно, некој подметнал и слики од статуи со еротски елементи, кои де факто НЕ се наоѓаат во Франција, камоли да бидат на Богородичната црква во Париз, ама ете, на некои тоа добро им послужи во нивниот наратив против Римо-католичката црква.

Најпрвен, сите тие статуи не се исти, по форма и намена, и има три вида: горгони, химери, и гротески. Горгоните всушност се камени олуци, на чиј крај има глава од животно или човек, кои се издаваат од катедралата и имаат многу практична функција, да не се слева водата по ѕидовите и така да ги оштетува. Химерите се оние статуи кои претставуваат страшни животни кои не постојат во природата, и имаат скоро демонски, митолошки изглед. Гротеските се статуите каде најчесто се изобразени личности кои се измачувани, во агонија, и неутешно страдање. Она што мора да се напомне е тоа дека вакви статуи НЕМА внатре во црквата, само на нејзината надворешност.

Доаѓаме до прашањето зошто некој воопшто би ги ставил на една црква, па макар и само однадвор? Одговорот е ова: овие статуи служат да ја прикажат состојбата на светот и животот без Бога, на реалноста и грозотијата на злото и злиот, тоа дека надвор од Црквата е темнина и нема ништо убаво, и дека исходот од живот без Христа е измачување и страдање, и сега, и во вечноста. Затоа тие стојат надвор, затоа што така е прикажано очајното постоење надвор од Бога, мизерувањето и страдањето на луѓето лишени од славата Божја, додека пак внатре во катедралата е убавината, светлината, светиите, односно блаженото постоење кое произлегува од тоа кога човек е со Бога, веќе сега и тука уживајќи во тој живот, очекувајќи го откровението на полнотата на убавината и светлината во Царството Божјо кое ќе нема крај.

Ете, ова би требало да ни помогне барем малку да ја разбереме намерата на оние кои ги поставувале овие статуи пред 8 века. И тогаш имало луѓе на кои не им се допаѓало ова и јавно протестирале, како св.Бернард од Клерво, и тогаш (како и денес) имало луѓе кои пристапувале суеверно или идолопоклонички кон статуите, но, исто така, во истата катедрала и тогаш и сега има луѓе кои навистина го слават Бог, Света Троица, со искрени и верни срца. Затоа, не е баш така едноставно да се донесе суд.

Дали мене лично ми се допаѓа ваков вид на сакрална орнаментика? Не. Дали би сакал на моја црква да има вакви нешта? Не, никако. Дали можам да се обидам во оваа уметност, таква каква што е, да најдам „искупителен елемент“ кој би служел да даде момент за Христос и Неговото Евангелие? Дефинитивно, да! И јас лично верувам дека како христијани сме повикани да го направиме баш тоа, во сn4;, и преку сn4;, инспирирани од Духот Свети, да го навестуваме Христа Распнатиот и Воскреснатиот, единствениот Господ и Спасител! Инаку, за тие што сте читале, ап.Павле во Атина наместо да им зборува за живиот Бог почнувајќи со жртвеникот на „непознатиот Бог“, ќе шеташе со факел во рака и ќе палеше се живо, ама знаеме дека не го направи тоа.

На крај, не знам зошто толку се возбудија луѓе од овие прикази, кога православните имаат слични прикази внатре ВО црквите, на фреските и иконите кои ги претставуваат пеколот, демоните, и изгубените души, а ние протестантите имаме еден тон такви прикази по наши илустрирани изданија на Библијата, по книги, по безброј видеа и филмови од наша продукција, и можеби мнозина не знаат, ама исти такви горгони, односно одводи, има на постари протестантски катедрали и цркви низ светот. На крај изгледа ќе остане да ни сметаат само затоа што се во готски стил, а не дека нема слични нешта и во нашите традиции и цркви.

Затоа, да ги оставиме чудовиштата од камен, небитни се тие за вистинската духовност, онаа духовност која нn4; повикува да се соочиме со вистинските чудовишта околу нас, оние чудовишта кои го влечат овој свет подлабоко во злото, и подалеку од верата во Христос.

Филип Иванов на ФБ

КОМЕНТАРИ

Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани