ХОЛАНДИЈА КАКО НОЕВАТА АРКА НА ПЕДОФИЛСКИ СОДРЖИНИ
  Објавено на
share

 оффнет 

ХОЛАНДИЈА КАКО НОЕВАТА АРКА НА ПЕДОФИЛСКИ СОДРЖИНИ

Речиси половина од сите фотографии со сексуална злоупотреба на деца што минатата година биле пријавени во Интернет воч фондацијата доаѓаат од сервери во Холандија.

Од 105.000 веб адреси поврзани со недозволени фотографии, кај 47% содржините биле хостирани во Холандија.

Од Фондацијата предупредуваат дека земјата станува „безбеден рај за сексуална злоупотреба на деца“, од Холандија порачуваат дека работат на проблемот.

Да не излезе дека цела педофилија им се накалемува на Холанѓаните, вака високите бројки делумно се објаснуваат и со прилично евтиниот веб-хостинг во Холандија.

На глобално ниво 2018 бележи раст од над 25.000 пријавени веб адреси со педофилија во споредба со 2017. Од Фондацијата објаснуваат дека не се работи за зголемен број на педофилски содржини, туку сега имаат подобра технологија за детектирање на нелегални слики.

Како пофален пример од Интернет воч ја наведуваат Британија, каде е создадена „непријателска околина“ за луѓе што сакаат да споделуваат нелегални фотографии. Заради што и само 0,04% од пријавените слики во 2018 се хостирани во Британија.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани