Ципрас вели дека Груевски не сакал ни да преговара за промена на името
  Објавено на
share

 Грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за „Фајненшел тајмс“ вели дека се обидел да иницира договор за спорот за името со поранешниот премиер Никола Груевски, но дека тој одбивал каква било средба.

За таквата намера, истакнува Ципрас, ја информирал и германската канцеларка Ангела Меркел.

Груевски беше човек кој никогаш не сакаше да преговара. Се сеќавам дека отидов во Берлин. Се сретнав со канцеларката Меркел. Долго време дискутиравме за економската криза, долгот, дефицитите, меморандумите и сл. Решивме да зборуваме и за надворешна политика, а јас и реков: сакам да го решам овој проблем, дури и со Груевски. Ќе се обидам да го предизвикам со тоа што ќе го седнам на маса. Ако тој не сака да седне на маса, ќе биде обвинет дека не сака решение, наведува Ципрас.

Меркел, како што раскажува грчкиот премиер, му одговорила дека не му верува бидејќи сите негови претходници не сакале да го отворат ова прашање, а особено поранешниот премиер Андонис Самарас.

И реков дека моето мислење е поинакво, оти Грција ќе има корист ако успееме да ги решиме споровите со нашите северни соседи. Грција има доволно разлики со соседите на исток – и не ни требаат повеќе проблеми со нашите северни соседи, особено ако се земји кои не се закана за нас, изјави Ципрас.

За постигнатиот договор за името со Зоран Заев, за што пратеници во Европскиот парламент ги номинираа за Нобелова награда за мир, Ципрас вели станува збор за балансирано и обострано корисно решение.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани