Според Светската Здраствена Организација - Премореноста од работа ќе се смета за болест
  Објавено на
share

 

СЗО: Премореноста од работа ќе се смета за болест

 

Премореноста од работа од 2022 година ќе се смета за болест од ранг на настинката и слични заболувања поради кои треба да се посети доктор, да се утврдат симптоми и да се добие препишана терапија, соопшти Светската здравствена организација на собирот во Женева.

СЗО ја опишува премореноста како болест предизвикана од хроничен стрес на работа.

Image result for tired work japan

– Ова е првпат премореноста на работа да биде призната и окаратеризирана на овој начин, изјави портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ.

Некои од главните знаци на премореноста се недостигот на сон, проблеми со варењето на храната, висок крвен притисок и лошо расположение. Во симптомите спаѓаат и размислување за работата и вон работното време, лоша концентрација, недостиг на социјализација и недостаток на време за работните обврски, но и обврските од лична природа.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани