Трговија со органи на Косово - две поврзани вести - морбидно
  Објавено на
share

 

Уапсени четири лица на Косово за трговија со органи во приватна клиника

 
Уапсени четири лица на Косово за трговија со органи во приватна клиника
 
 

Полицијата на Косово соопшти дека уапсила четири лица осомничени за незаконска трансплантација и трговија со органи и соучество во извршување казнено дело, јави ФЕНА.

При контрола на една приватна клиника во регионот на Приштина уапсени се четири лица, две жени и двајца мажи. Акцијата е спроведена во соработка со други институции, се наведува во соопштението.

По налог на обвинител, на три лица им е одреден полициски притвор од 48 часа, а едно лице е ослободено во редовна процедура.

 

Во Приштинските болници нелегално тргувале со човечки органи

 

Поради сомневање за нелегална трговија со човечки органи, инспекција привремено затвори четири болници во Приштина, и против 17 здравствени работници и персонал поднесе кривични пријави. Сите тие предмети се во истражна постапка.

Нора Красниќи, в.д. главен инспектор за здравство во косовското Министерство за здравство, изјави дека при инспекцијата во тие приватни болници утврдила дека се вршеле нелегални активности.

Здравствената инспекција, заедно со косовската полиција, спроведе инспекции во некои приватни болници со лиценца за давање услуги во областа на медицинското оплодување.

Портпаролот на полицијата изјави дека Одделението за спречување трговија со човечки органи во инспекцијата утврдило низа криминални дела, незаконска трансплантација и трговија со човечки органи во тие болници.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани