Серијата на ББЦ траеше 4 сезони, од 1983 до 1989 и секоја сезона покриваше друг временски и историски период.
Рован Аткинсон и кажал на своите блиски и пријатели дека е навистина посебно возбуден заради планираното враќање на култната комедија Black Adder
Заедно со Аткинсон во серијата треба да бидат и неговите бивши колеги Тини Робинсон, Стефан Фрај и Хју Лори.
Отпрвин се шпекулираше дека ќе биде одиграна само една епизода, како трибјут на култната комедија, но The Sun наведува дека сепак ќе се снима цела 5. сезона.
5-та сезона ќе се одвива во модерно време и ќе биде актуелна со новите политички збиднувања.
Црна Гуја или Едмунд ќе биде универзитетски професор во новата сезона, но не се знаат детали како и што ќе опфаќа и какви улоги ќе имаат неговите колеги.
Немало никаков план, таблоидот пренесува дека пријателите-актери се сретнале во еден паб, евоцирале спомени и одличиле да направат уште една сезона. Во моментот се пишува сценариото
Куртис и Аткинсон планираат во серијата да има и гостувања на актери од калибарот на Том Харди, Расел Бренд и други.
Сите информации доаѓаат пред се од таблоид - The Sun но се укажува дека, сепак, ова навистина ќе се случи.
Едвај чекаме.