Зборувајте што сакате, но секоја им чест на грците!
  Објавено на
share

 После се чудите како им успева, да си имаат солидни плати, повисока, а на балканите, највисок стандард. Абе мува не ги лази. Среде сезона, ставање на белите бубрези на компаниите во менгеме. И што ќе им прават!?! Не бе само така се прави, отпор каде што најмногу боли. Ај да видиме дали војската со насачи ќе им ја преземе работата ... и до кога! Ма свака час!

еве ја веста ... 

 

Работниците на грчките траекти штрајкуваат, патниците не можат да стигнат до крајните дестинации

 

Грчките работници на траекти утрово почнаа штрајк поради кои илјадници туристи и патници не можат да дојдат до своите дестинации.

Работниците најавија 24-часовен бојкот по неуспешните преговори во врска со барањата за повисоки плати и други бенефиции. Штрајкот би можел да биде и пролонгиран, изјавил претставникот на државниот синдикат, Антонис Далакогиоргос, а пренесе хрватски „Индекс“.

Колапсот во сообраќајот би бил многу поголем доколку штрајкот не беше најавен, а продажбата на билети не беше прекината, но сепак многумина не успеале да го надминат проблемот поради откажаната работа на траектите, бидејќи станува збор за почеток на ударниот период од летната сезона.

Грција е популарна дестинација за одмор, а нејзиниот брег и островите ги посетуваат милиони гости.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани