Земјата е Рамна!?!
  Објавено на
share

Вака, малку произнавам дека насловот ми е кликбејт но за таа тема се работи, поточно за темета Рамна Земја. Многумина по мреживе едноставно одбиваат научни факти и тврдат спротивно. Но тоа е трендот, да не се верува на науката и да се верува на некој си анонимус на јујтјуб или полуприучен сточар кој ете, удбеден е во тоа оти така му рекле. ОК, секое мислење треба и се почитува, какво и да е. 

Еден од фактите кои беа изнесени дека Земјата е рамна е фактот дека не постои  директна линија од Јужна Африка до Австралија и дека сите летови одат преку Дубаи. Не знам зошто, но, решив малку да истражам. Ако се распостеле картата дека земјата е рамна, како што е симболот на Обединетите Нации тогаш има некаква логика дека од Јужна Африка до Австралија, права линија на летање е преку Дубаи ... арно ама ...

Како што апологетите на рамна земја тврдат со интернет извори дека е така и јас најдов неколку но овој ми е најверодостоен. Имено посоти страница наречена FlightRadar24 на која може да се следат сите летови кои се одвиваат на целата планета, на сите конетиненти.

Се следи летот, се знае кој авион, модел, која авио копмпанија и која дестинација ја лета, во живо следена од ГПС тракингот на радарските системи. Често, кога над Скопје лета авион, или остава како што иситите групировки викаат дека пуштале кемтрил, можам да видам од каде полетал и каде ќе слета,а преку ареодромските јавни камери и да видам колку и патници ќе се истоварат од завреничките авиони или видеа од истите. Нејсе.

 

FlightRadar24 покажува дека постои, има директен лет од Јоханесбург До Перт и ако се пресмета равенката на врето на летот и брзината, со малку математика се покажува како неточно тврдењето на рамноземјашите дека тој пат е 3-4 пати подолг и скоро невозможен и дека НИКОЈ не лета на таа линија. Факт е дека овие летови се ретки но тоа е само поради малата побарувачка на патници на таа дестинација, бројот е таков каков што е и е резултат, исклучиво на еконосмки интереси, настрана што матемтиката ја побива тезата. 
Е па толку од мене. Чепнети си сами или букирајте лет на истата линија и мерете време на траење на летот и ќе добиете километража точна а со тоа тестирајте ја тезата. 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани