Тричковски - Езоп го скрши “рекетот”, судијата го дисквалификува!
  Објавено на
share

 Езоп го скрши “рекетот”, судијата го дисквалификува!

фб статус ма Бранко Тричковски

 

Мало су ми се ови рекетари укакили!
И сега, преку резервната положба на котата на која ќе попаламудат малку за тоа зошто политичарите и граѓаните на Северна Македонија не се смеат кога мобилизираните лудаци на злото, облечени како новинари, им бркаат во очите, ќе сакаат да се вратат во редовите на тие што до денеска ги напаѓаа- меѓу нормалните!
“Рекет”, како што можете да забележите, е окупатор кој полека се повлекува односно се протерува од општествената сцена и се вгнездува таму кај што му е местото- во правосудниот систем. Ракетите на “Рекет” и нанесоа на Македонија поголема штета отколку ракетите Фау на Лондон, но ниту хитлерските смртоносници ги поразија Британците, ниту вморонските ја поразија Македонија.

И покрај сета логистика на домашните квислинзи. 
Доволно за да се преброиме, што би рекол Димитров! 

Неславниот пучистички крах на аферата “Рекет” ќе помогне инспираторите и нарачателите и корисниците и изведувачите на пучот, уште еднаш, се надевам за последен пат, да се лоцираат и детектираат како неверојатно Зло, како боен отров што го загадува воздухот, водата и крвта, жувотот на луѓето, на општеството и на државата. И нивните соработници од сите провиниенции. Оправдување за тоа зло во политиките на власта не може да има затоа што тие проблеми, кои реално постојат, не се решаваат со помош на смртоносна хистерија, предизвикана во смртоносните центри на најтрагичниог антимакедонизам на вмро-дпмне. 
Се надевам дека истрагата ќе ги покаже и тие димензии на аферата, како и улогата на поединци, сеедно дали се суетни или не се суетни и каква сексуална ориентација имаат.
Многу важно беше тоа што власта, владата и премиерот посебно, ја продолжија својата агенда без да му посветат на овој исфорсиран случај поголемо внимание отколку што беше неопходно. 

Второ, многу беше и е важно тоа што меѓународниот фактор благовремено ја препозна вистинската интенција на аферата, нејзината злосторничка инспирација и тек и зазеде јасен став во поглед и на самата афера, како и во однос на СЈО и на ЈО и на општата ситуација во Македонија. Кон тоа денеска се приклучија и од Меѓународната федерација на новинарите со јасен став дека новинарите не можат да бидат над законот.
Излеаната река на народната возбуда ќе си се врати во коритото.

Точка.

Така што, драги мои, издржавме уште еден неуспешен обид за државен удар. Милчин нема да биде директор на затвореното општество, макединскиот Езоп нема да биде ништо, одиме понатаму под пучистичката парола искомбинирана со мои бои: Толку не не бива што не можеме ниту да умреме како нормална нација.

Хахаха!

И од тоа што не не бива понекигаш бива нешто!




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани