Лила Филиповска повикана во Обвинителство за случајот „Рекет“
  Објавено на
share

Лила Филиповска повикана во Обвинителство за случајот „Рекет“ 

 

Водителката Лила Филиповска е повикана во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција каде што треба да даде изјава во рамки на истрагата за случајот „Рекет“.

Водителката Филиповска беше во автомобилот на Боки 13 кога полицијата го приведе на граничниот премин „Богородица“.

Во предметот „Рекет“ осомничени и во притвор се Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски – Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Водителката Лила Филиповска, која му правела друштво на нејзиниот долгогодишен пријател Бојан Јовановски – Боки 13, кога на 15 јули сакаше да ја напушти државата со полна торба пари, утрово дојде да сведочи пред шефицата на ОЈО за организиран криминал Вилма Рускоска.

Бојан Јовановски беше уапсен на 15 јули на граничниот премин Богородица при обид да ја напушти државата, со торба евра. Со него биле Филиповска и вработена во телевизијата на Јовановски 1ТВ.

Во истрагата „Рекет“, која почна со апсењето на Јовановски, досега има тројца осомничени и сите се во притвор. Меѓу нив е и специјалната обвинителка Катица Јанева.

Дента кога се апсеше Боки 13, лишен од слобода беше и второосомничениот Зоран Милески – Кичеец.

Предистрагата за „Рекет“, е почната неколку месеци пред апсењата, откако премиерот Зоран Заев и кажал на Рускоска оти осомничениот бизнисмен Орце Камчев му се жалел оти бил рекетиран од Јовановски и Кичеец, со помош на специјалната обвинителка Катица Јанева. Три месеци обвинителството собирало докази од банкарски сметки, биле барани сефови во банки, имало потрага за лоцирање на изгубениот телефон на Јанева, па дури по финансиската истрага почнаа апсењата.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани