Сијалица која свети преку 100 години
  Објавено на
share

 Ја нарекуваат Centennial Bulb и свети 117 години без престанок. Поставена е во претипожарна станица во Ливермор САД. 

Tаа представува историско и културно богатство иако сеуште ја извршува својата дејност или работа, ги осветлува просториите на противпожарната бригада, постојано без прекин и никогаш не била исклучена. 

Ова е модел од тнр едисонова сијалица, и за неа се снимени куп документарци, безброј новински написи и неброени телевизиски извештаи на вести и емисии во живо. Згора, ставена е под заштита на градот, издадена е книга за неа и секако нема градоначалник кој не ја спомнал или се сликал со неа. 

"Бесконечни" се деталите за неа, но најинтересното е што одмна е поставена камера која во живо ја снима сијалицата, па така, загрижените во секое време можат да се (пр)осветлуваат со нејзиното светло. Кoга била поставена имла поголема моќ ,сега вече со децении свети сои само 6 вати. Но во време кога алиеџпресното општество ужива во краткотраен бофл - нешто трајно, па макар било и сијалица, се здобива со почит. 

А еве ви и повеќе корисни линкови

Официјалната страна - http://www.centennialbulb.org/index.htm

Live cam - http://www.centennialbulb.org/cam.htm

 

 

 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани