Грчката дијаспора му се заблагодари на Макрон за ветото за Северна Македонија за влезот во ЕУ
  Објавено на
share

Грчката дијаспора му се заблагодари на Макрон за ветото за Северна Македонија за влезот во ЕУ

Францускиот претседател Емануел Макрон го блокираше отворањето на пристапните преговори за Северна Македонија, а истото го сторија и Данска и Холандија. Макрон тврди дека стратегијата за проширувањето на Европската Унија е „бизарна“ без реформите потребни пред проширувањето. И преговорите за Албанија беа исто така блокирани, се вели во писмото на Светските пан-македонски грчки здруженија до Макрон.

Грчката дијапсора му изразува благодарност за ваквиот став на францускиот претседател Емануел Макрон. „Горди сме како Грци со потекло од северниот регион на Грција, Македонија, место кое отсекогаш било составен дел од грчкиот свет (преку 3.000-годишен континуитет на историјата, културата и јазикот). Горди сме кога нешто е поврзано со националната безбедност и националната гордост на нацијата. Како резултат на тоа, ние никогаш нема да дозволиме ниту една држава чии граѓани не се Грци да го узурпираат нашиот идентитет, бидејќи никогаш нема да прифатиме нешто што ја загрозува националната безбедност на Грција, што исто така служи и на безбедноста на ЕУ.

Знаеме дека минатото е важно, историјата е важна и тоа не може да се остави во рацете на луѓето кои тоа не го почитуваат.

Покрај тоа, господине претседателе, со ова вето ги заштитивте принципите на Европската Унија која својот успех го заснова врз следната дефиниција: државите и нациите треба да бидат подготвени да влезат во ЕУ врз строги правила и регулативи. Тие треба да ја покажат својата искреност кон обврските и целите на внатрешните реформи и подобрените регионални односи (особено ако соседите се членки на ЕУ). Скопје (на многу нивоа) сè уште не е подготвено.

Вашето вето ја поправи грешката и на претходната грчка влада што доведе до лажна политичка победа во форма на Договорот од Преспа, што Скопје веќе го кршеше повеќе пати. Овој договор се заснова на лажна историја и беше ратификуван со арогантното непочитување на грчкиот Устав и против волјата на грчкиот народ. Ги заштитивте стандардите на Европа и достоинството на еден европски народ (нашето достоинство и историското право да бидеме единствени Македонци) и за ова ви благодариме“.

Потписници на ова писмо се претседателот на Пан-македонската асоцијација (ПМА) Димитрис Филипидис, претседателот на австралиската ПМА, Георгиос Космидис, канадската ПМА Крис Карацозиос, африканската ПMA Аминта Папатанасиу, претседателот на Канадската пан-македонска федерација, Јоргос Пападакис, грчката федерација на македонските културни здруженија, претседателот Димитрис Умалзидис.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани