НЕЗДРАВО - за дишeње, за живеење - воздухот во Скопје ( а не е подобро и низ другите градови во Македонија)
  Објавено на
share

НЕЗДРАВ ВОЗДУХ - НЕЗДРАВ ЖИВОТ - ОПАСНО ПО ЗДРАВЈЕ

...се дел од насловите на сите оние валидни портали и организации кои го следат загадувањето низ целиот свет.  Во Македонија на прво место се Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар ....

No photo description available.

А ако додаеме ( да не ја шириме премногу) дека сателитските снимки покажуваат дека само во околината на Кавадарци има 50 пожари или запалени мести или стрништа или што год да е, сосе уште стотина други насекаде низ земјата ... што очекувавте? На што се надевавте?

Неформалните собирачи на отпад, тешко собраните гуми веќе ги палат во постудените ноќи, се повеќе луѓе палат оган по домовите, работилниците, погоните, се поголем број оставаат везлосипедите и тротинетите и седнуваат во автомобил ... и се чудиме на чудењето на зачуденитеж - чудесно!

Ignorance is bliss ... ама на овој постулат продавачите на хемотерапија тријат раце!

Од граѓанската иницијатива О2 на нивниот фејсбук профил објавија снимки од Визбегово и Шуто Оризари на кои може да се види чад кој доаѓа од овие населени места.

- Снимка од попладнево/вечерва, Визбегово/Шутка црната точка во градов, чади ли чади, дишете луѓе токсин до токсин. Нè интересира, Министерство за внатрешни работи имаме во државава? Постои? Нели инспекторите треба да ги придружуваат? Oliver Spasovski нешто дежурни од вашите служби по црниве точки да поставевте или нек умираат луѓе? Ни полиција, ни бутур, НЕМА ДРЖАВА И ТОА Е!, стои во фејсбук објавата на О2 иницијатива.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани