Конечно, законски прописи за електричните тротинети
  Објавено на
share

Возењето електричен тротинети конечно уредно со закон


Забрана за возење по улици и булевари, казни од 50 до 120 евра, задолжителна опрема во вечерните часови – електричните тротинети како превозно средство конечно се вметнати во Законот за безбедност во сообраќајот.


Тротинети ќе се управуваат само по велосипедски патеки. Таму каде што нема ќе биде дозволено да се вози по тротоар. Движењето на улица ќе се смета за прекршок и ќе се казнува со 80 евра.

Брзината со коа се вози тротинет на велосипедска патека не смее да надмине 25 километри на час, на тротоар и пешачка зона максимумот е само 6 километри на час. Казната за пречекорување на брзината е 120 евра.

Возачот на тротинет треба има наполнето 14 години и не смее да превезува други лица. Прекршувањето на овие одредби ќе се казнува со 50 евра.



Задолжително ќе биде носењето на заштитна кацига на главата како и жолт флуросцентен елек во вечерните часови или при појава на магла. Тротинетот треба да биде осветлен од предната и задната страна со бело односно црвено светло. Секој што ќе биде фатен без опрема ќе биде казнет со 50 евра.

Наглата наезда на електрични тротинети на улиците ги притисна надлежните институции да ги оформат правилата со кои се управуваат овие превозни средства. Измените во законот вчера го поминаа владиниот филтер.

Тротинети конечно ќе се придржуваат кон правила и прописи како и сите останати учесници во сообраќајот. Она што останува да се објасни е на кој начин ќе се ловат прекршоците при возење тротинет – дали радарите ќе важат и за нив или ќе се употребат други механизми.

Освен регулацијата на тротинетите, со измените на законот предвидени се и намалувања на дел од казните за сообраќајни прекршоци кои не се сметаат за загрозувачки за животите на граѓаните.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани