Писмо, реакција на Доан Османи
  Објавено на
share

Реакција за неправедно доделениот Оскар за Млад спортиста НА ДОАН ОСМАНИ Безправно му се одзема титулата Спортист на годината 2019.

Image result for Доан Османи

 

На ден 26 Декември 2019 год, во просториите на национална опера и балет беа прогласени спортистите на годината од Северна Македонија во текот на 2019 год. За титулата "Оскар" спортист на годината меѓу петте номинирани беше и Доан Османи (Јас). Според сите критериуми за избор на подобар спортист меѓу младите во текот на 2019 год, бесправно оваа титула се доделува на спортист од спорт Борење , кој донесе медалји или резултати што не е за потценување, но во споредба со моите резултати или успеси, мојата медалја е многу повисока и повредна. АМС (Aгенција за Млади и Спорт) за постигнатиот резултат на Доан Османи ( европски шампион за помлади сениор) добива две годишна стипендиа од две просечни плати кој покажува дека АМС ја вреднува, затоа барам објаснување од почитуваниот директор и заменик директор на АМС според кој критериум е гласан или избран спортистит на годината кај младите.

Ќе направам кратка анализа а вие проценувајте...! Доан Османи, Европски шампион кај младите 18-21 години, каде во оваа првенство учествувале 51 држави, додека во мојата категорија имаше 37 надпреварувачи. Не треба да се заборави моето учество во Медитеранското првенство каде се пласирав на 5 место, но и учество во светако првенство, додека спортистот изабран за "најдобар спортист на годината" за 2019 год, има резултат европски шампион за возрасти 14-15 години во кој учествуваа 28 држави а имаше 15 натпреварувачи во неговата категорија. Дали е логично медалјата кај младите сениори односно У21 кој сум стипендист од меѓународна стипендија да има исто ниво со оној кај кадетите (У15). Проценка од профеаионалната комисија, Сојуз на Спортски Федерации во СРМ како и Унијата на Спортски Новинари за избор на најдобар спортист беше еднострано и политички обоено.

Јас, Доан Османи сметам дека кон мене е сторена неправда и поради тоа нема да толерирам позиција од инфериорност и негирање. Ние спортистите се почитуваме, го цениме успехот на едни и други, така ќе продолжиме и во иднина, но неправдите кои доаѓаат од фрустрирани луѓе или одредени групи секако ќе ги обелодениме.

Со Почит, Доан Османи




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани