Совети за вирус од човек кој преживеал преку 30 епидемии
  Објавено на
share

10 совети за вирусот од човек кој преживеал 30 епидемии

Се вика Лори Гарет, покрива научни области, добитник е на Пулицерова награда и нема епидемија по светов на која не се појавил за одвнатре да ја посматра. Ова има да го каже.

 

1. Кога излегувате од дома, носете ракавици - зимски, за надвор - и бидете со нив во јавен превоз и на јавни места.

2. Ако дојдјете во ситуација да треба да ги извадите, на опример за да се ракувате со некого или да јадете, потоа не го допирајте лицето или очите, без оглед колку ве чеша. Рацете подалеку од лицето! Пред да ги вратите ракавиците, измијте ги рацете со сапун и топла вода, триејќи ги прстите.

3. Секојдневно менувајте ги ракавиците а носените темелно измијте ги. 

4. Маските се бескорисни за надвор а не се многу корисни ни во затворени простории. Повеќето маски калираат после едно-две носења. Да се носи иста маска секој ден е бетер од бескорисно - одвратно е а содржината на вашето дишење се лепи за маската правејќи им неодолив повик на бактериите. Ретко сум носел маски во епидемии, а сум бил во преку триесет. Наместо тоа, се држам подалеку од гужви и држам дистанца од поединци - половина метар е добар стандард. Ако некој кива или кашла, го замолувам да стави маска за да ги заштити другите од себе и потенцијално опасните флуиди. Ако нејќе, ја дуплирам дистанцата кон него или заминувам. Не се ракувајте или гушкајте - учтиво потсетете ги дека дистанцата за време на епидемија е за обострано добро. 

5. Дома сменете ги сите пешкири и крпи за раце и заменете ги со чисти така што секој член на семејството да ги користи само своите. Да се менуваат најмалку два пати неделно.

6. Внимателно со кваките. Ако може некоја врата да отворите или затворите со лакт, така правете. Ако не може, после секое фаќање квака гледајте да измиете раце. Слична претпазливост е потребна и со гелендери но и со нечии лични предмети како што се телефони, таблети и друго што се држи во рака. Ако мора да напишете нешто на туѓа тастатура, не заборавајте да не го допирате лицето а потоа да ги измиете рацете. 

7. Ако заедно се јаде, да не се споделува прибор. Сркање таратур од ист сад или земање пинџур од заедничка чинија - не. Избегнувајте ресторани со сомнителна хигиена.

8. Во област зафатена со епидемија никако не купувајте ниту консумирајте месо или риба сè додека не стане јасно кој вид е извор на вирусот.

9. Кога времето тоа го дозволува, отворајте ги прозорците дома и на работа. Вирусите не можат долго во проветрени простории.

10. Ако дома имате свој човек со треска, средбите нека минат со маски. Ако треба да го измиете, правете го тоа со гумени ракавици а потоа избришете го со хартија за еднократна употреба. И таа и гумените ракавици и маските треба да се отстрануваат крајно внимателно и веднаш да се ставаат во кеса која може да се запечати а потоа да се фрлат. Носете долги ракави ако му помагате да се движи. Доколку просторот тоа ви го дозволува, заболениот нека биде во засебна соба. Редовно проветрувајте ја таа просторија, само гледајте да не го смрзнете човекот.

преземено од оффнет




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани