Tрамп прогласи вонредна состојба во САД
  Објавено на
share

Трамп прогласи вонредна состојба во САД

 

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи во петокот вонредна состојба во земјата поради пандемијата од новиот сој коронавирус Covid-19, што и овозможува на сојузната влада да деблокира средства резервирани за случаи на катастрофи.

„За да и дадеме на сојузната влада полни овластувања… официјално прогласувам вонредна состојба на национално ниво“, изјави Трамп од Белата куќа.

Американскиот претседател истакна дека оваа мерка ќе овозможи пристап до 50 милијарди долари, средства за одговор на коронавирусот и ќе овозможе да се пренабрегнат правилата врзани со здравствената грижа.

Трамп истовремено побара од секоја сојузна држава да воспостават кризни центри, а до болнците да донесат планови за итни ситуации.

Објавувањето на вонредната состојба, во прв ред, и овозможува на администрацијата побрзо да ги распредели потребните ресурси за борба против болеста во сите сојузни држави. Претходно седмицава, вонредна состојба беше воведена на ниво на некои сојузни држави.

Трамп вети и дека неговата администрација ќе соработува со приватниот сектор со цел да се „зајакне можноста за спроведување тестови за коронавирусот“. Американскиот претседател, исто така, рече дека Управата за храна и лекови одобрила нови тестови.

„Очекуваме до половина милион дополнителни тестови да бидат достапни на почетокот од следната седмица“, рече Трамп.

Додаде дека во текот на овој месец ќе бидат извршени до 5 милиони тестови, истовремено изразувајќи соменевање дека тоа ќе биде потребно.

Во САД продолжуваат мерките кои опфаќаат затворање на образовните институции и забрана на големи собири и настани со голем број учесници, а многу конференции веќе се одржуваат со видео-врска.

Инситутот при универзитетот „Џонс Хопкинс“, кој ја води статистиката за ситуацијата со коронавирусот врз основа на податоците што ги објавуват сојузните и локаните власти, објави дека бројот на потврдени случаи на коронавирусот во САД надминал 1.600. Притоа се наведува дека во реалноста можно е да има значително повеќе случаи, бидејќи тестовите за коронавирусот се вршат селективно, само кај некои пациенти со изразени симптоми. Според различни процени, во САД се изведени неколку десетици илјади тестови на коронавирус во текот на целото досегашно траење на епидемијата.

Image result for d'trump declares

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани