Заев: Два месеци минимална плата за министрите, јавната администрација… .
  Објавено на
share

Заев: Два месеци минимална плата за министрите, јавната администрација…

Владеачката партија, СДСМ, излезе со пакет економски мерки кои ќе ги приложи на Владата. Според Зоран Заев во прашање се околу 200 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството.

Еден од предлозите е – за приватните фирми кои се погодени од кризата државата да обезбеди минимална плата од 14.500 денари за април и мај.

-Сите функционери и раководители ќе одат на минимална плата. Пратеници, премиерот, вицепремиерите, судии и обвинители за април и мај ќе земат минимална плата. Исто така и јавната администрација и на државно и на локално ниво, истакна Заев.

Од оваа мерка за  минимални плати се изземаат лекарите и медицинскиот персонал, како и полицајците и војниците.

СДСМ предлага Претседателите и членовите на советите во општините, управни и надзорни одбори на јавни институции да работат без надоместок.

Се предлага и запирање на Законот за извршување до крајот на јуни, одложување на кредитите, помош за медиумските работници и медиумските куќи и помош за спортистите и уметниците.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани