Од коронавирус почина Драган Вучиќ
  Објавено на
share

Од коронавирус почина Драган Вучиќ

Почина водителот Драган Вучиќ, кој претходниве денови бил во тешка здравствена состојба и бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје, откако му бил дијагностициран коронавирусот. Вучиќ поради состојбата бил ставен на респираторна поддршка. 

Вучиќ е роден во 1955 година, а работеше како композитор, пејач и водител.Тој е композитор на „Свирете ја Зајди зајди”, „Ангели ме носат”, „Кажи ѕвездо”, како и на песната „Мake my day” со која неговиот син, Мартин Вучиќ, ја претставуваше Македонија на Евровизија во 2005 година.

Познат е во јавноста по бројите емисии и квизови како „Вашите пет минути“, „Среќни луѓе“, „Возење со Вуќиќ“ и други. Последен негов проект е „Гурмански приказни“, емисија која се снимаше низ повеќе земји на балканот со познати пејачи, актери, артисти.

Бог да го прости, нека му е царството небесно

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани