9 мај - денот кога Америка го победи фашизмот
  Објавено на
share

 преземено од статусот на фејзбук на Trifunovski Viktor


 

На денешен ден, 9 Мај, Америка конечно го победи фашизмот. Во таа војна, Америка имаше и сојузници, кои благодарение на американската помош, допринесоа за ваквата победа.

Британија беше помогната со 32 милијарди долари, СССР со 11 милијарди, Франција 3,5 милијарди, Кина 1,6 милијарди, и сите останати земји сојузници со 3 милијарди американски долари. Вкупно, околу 51 милијарда тогашни долари, чија вредност денес би била околу 600 милијарди долари.

Поединечно:
СССР има добиено:
14.000 авиони, 44.000 теренски возила, 350.000 камиони, 8.000 трактори, 12.500 тенкови, 2.5 милиони тони суровина за муниција, 4.100 вагони, 368 локомотиви, 2 милиони болнички кревети, 2,2 милиони парови војнички чизми, 3.000 милји високо и ниско-напонски кабли, 200.000 тони лекови, 4,5 милиони тони храна, 1,4 милиони тони градежен материјал.

Велика Британија има добиено:
50 бродови разурнувачи,
26.000 теренски возила,
5.000 тенкови,
6.440 оклопни возила,
1.7 милиони тони храна,
11 милиони тони суровина за производство на оружје муниција и воена опрема.

Кина:
До 1945 снабдувањето е исклучиво по воздушен пат. И покрај тоа, Кина прима 106 воени авиони, како обука за нивните пилоти.
Плус уште 800.000 тони оружје, муниција, храна, лекови, и сл.

Во овие бројки не се вклучени кредитите кои ги имаат добиено американските сојузници, бројните доброволци од Америка кои војувале против Оската пред таа да влезе во војната, доброволните прилози кои ги примале сојузниците од својата дијаспора од Америка, како и средствата кои самата Америка ги потрошила во оваа војна.

Ете така бил победен Хитлер. Не со „срце јуначко“ и силни рефрени, туку со здружена борба на сите сојузници, која мактеријално не би била возможна без Америка. Се разбира, во таа борба настрадале и многу луѓе, чија бројка би била уште поголема доколку Хитлер не бил поразен.

Америко, биди горда! ;)

 

 
 



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани