Добро е, не претркаа мислевме дека ние ќе се брукаме пред цел свет -"Бугарите го обвинуваат Гејтс дека го предизвикал виpycoт за да го контролира светот со чипови"
  Објавено на
share

Бугарите го обвинуваат Гејтс дека го предизвикал виpycoт за да го контролира светот со чипови

 

Тоа го покажале резултатите од истражувањето кое што го спровела агенцијата „Trend“

Секој петти Бугарин смета дека пандемијата коронавирус ја предизвикал основачот на „Microsoft“ – Бил Гејтс, за да ги контролира луѓето преку чипови кои што ќе бидат вградени кај сите оние кои што ќе бидат вакцинирани против Ковид-19.

Истражувањето покажало дека над 2.3 милиони Бугари сметаат дека вирусот е вештачки создаден, додека пак еден милион од граѓаните сметаат дека тој не постои и дека сето ова што се случува е светска конспирација.

 

 

Инаку, Гејтс стана водечка мета на теориите на заговор за пандемијата коронавирус, а особено откако ја критикуваше одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп за престанувањето на финансирање на СЗО.

Основачот на „Microsoft“ неодамна на социјалната мрежа Инстаграм објави видео на кое што се гледа како зад прозорецот држи натпис – Им благодарам на здравствените работници.

Во наредните неколку денови неговата објава добила околу сто илјади лајкови и коментари кои што го обвинуваат за злостор против човештвото и го поврзуваат со различни теории на заговор во врска со вакцината, СЗО и вградување на микрочипови во луѓето.

За вакви слични обвинувања, Гејтс збороваше пред неколку денови.

За време на разговор со новинари при презентација на планот за инвестирање на 1,6 милијарди долари за достапност на вакцина во најсиромашните земји во светот, Гејтс конечно даде свој коментар за сите овие тврдења за него.

 

 

Тој очекувано е зачуден и не му се верува дека е можно да вакво нешто се тврди за него.

„На некој начин, ова е толку бизарно, скоро сакаш да го гледаш како нешто хумористично, но ова навистина не е хумористична работа. Никогаш не сум бил вмешан било каква работа за микрочипување.“ – истакнува Гејтс.

„Скоро е тешко да ги негира човек овие работи затоа што се толку глупи или чудни, што дури и со самото повторување изгледа дека им се дава кредибилитет“ – додава Гејтс.

 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани