Дваесеттиот роденден на Егзит ќе биде најголемата забава во светот: Робин Шулц, Борис Брејча, Амели Ленс и Пол Калкбренер го предводат масивниот прв бран со над 40 изведувачи!
  Објавено на
share

 

Дваесеттиот роденден на Егзит ќе биде најголемата забава во светот:
Робин Шулц, Борис Брејча, Амели Ленс и Пол Калкбренер го предводат масивниот прв бран со над 40 изведувачи!

Дека Петроварадинската тврдина во Нови Сад ова лето ќе биде музичкиот центар на светот, потврдуваат и странските медиуми кои овогодишното издание на ЕГЗИТ Фестивал веќе го нарекоа историско. Големата прослава на дваесеттиот роденден на двократниот фестивалски шампион на Европа, во првата од неколкуте објави носи повеќе од 40 глобални и регионални ѕвезди чии ексклузивни настапи ова лето, од 13 до 16 август ќе ги посведочи целата планета. Робин Шулц, Амели Ленс, Пол Калкбренер, Борис Брејча, „Артбат“, Нина Кравиц, „Тејл Оф Ас“, Блек Кофи и „Офенбах“ ја предводат моќната програма сочинета од суперѕвезди кои својот пат до Нови Сад го потврдијаа со воодушевување од фактот дека ЕГЗИТ повторно пронајде излез и стана најголемата фестивалска вест на годината! Двете главни бини, импресивниот „Меин Стејџ“ и легендарната „Денс Арена“, заедно со прогресивната електронска бина „Но Слип Нови Сад“ (No Sleep Novi Sad), во првиот бран ги вклучуваат имињата кои ги создаваа и поставуваа трендовите, кои го менуваа кодот на жанровите, со тоа често одбележувајќи ги, и тоа токму на тврдината, своите историски настапи.

Светските хитови на EXIT Фестивал | 13-16 август 2020
Водечките електронски ѕвезди се обединуваат на EXIT 
На Главната бина на Егзит меѓу првите доаѓаат дел од најголемите хитмејкери на денешницата кои заедно бројат повеќе од 10 милијарди прегледувања на видео и стриминг сервисите. Откако во претходните години ја воодушеви публиката на најважните фестивалски бини ширум планетата, премиерно на главната бина на Егзит пристигнува прочуениот Робин Шулц (Robin Schulz), кого ќе го следат и ѕвездените хитмејкери Бурак Јетер (Burak Yeter), Диџеј Регард (DJ Regard), Офенбах (Ofenbach), како и творците на драм-енд-бејсот и првите егзитови хедлајнери од самите почетоци на фестивалот споени во ексклузивен бек-ту-бек сет – Рони Сајз (Roni Size) и Елтиџеј Букем (LTJ Bukem) потпомогнати од Дајнамајт Емси (Dynamite MC), еден од резидентите на Главната бина. На Денс Арената и оваа година доаѓаат речиси сите најважни имиња на глобалната електронска сцена која ја предводат двете најголеми техно уметници на денешницата, Нина Кравиц (Nina Kraviz) и Амели Ленс (Amelie Lens), како и водечкиот светски продуцент познат по стадионските настапи за десетици илјади луѓе, Пол Калкбренер (Paul Kalkbrenner). Покрај нив тука се и суперпопуларните Борис Брејча (Boris Brejcha), „Блек Кофи“ (Black Coffee) и Медуза (Meduza), највозбудливите диџејски тандеми на денешницата „Тејл Оф Ас“ (Tale of Us) и „АРТБАТ“ (ARTBAT) и ексклузивните б2б дуети, специјално за роденденот на Егзит, Денис Султа б2б Диџеј Тенис (Denis Sulta b2b DJ Tennis), како и Дакс Џеј б2б Кобосил (Dax J b2b Kobosil)! „НСНС“ бината ќе претстави импресивна екипа која ја чинат 999999999 лајв, Франсоа Екс (Francois X), Џулиана Хакстaбл (Juliana Huxtable), Моносахарид (Monosaccharide), Марсел Детман (Marcel Dettmann) како и ВТСС (VTSS) и СПФДЈ (SPFDJ) во посебен бек-ту-бек сет.



Баш како и на првиот Егзит, фановите од целиот регион ќе се спојат по изолацијата со добро познатите имиња како што се „Лајбах“ (Laibach) и „Обојени програм“ кои во оваа прилика ќе обележат и 40 години од својата работа, Масимо, „Гоблини“, „Буч Кесиди“, Марко Настиќ, Дејан Милиќевиќ, „Инсолејт“, Ендру Мелер (Andrew Meller), Илија Ѓоковиќ, Кристијан Молнар, Коес (Coeus), „Спејс Моушн“ (Space Motion), „Афтер Афер“ (After Affair), Лаг, Моносахарид и Буке (Bokee). 
 
Овогодишниот ЕГЗИТ е централна тема на светската музичка индустрија, чии главни актери фестивалот го нарекуваат светло на крајот од тунелот“. Во август ќе бидат отворени најмалку 20 бини и зони ширум Петроварадинската тврдина, со намален вкупно предвиден број на посетители, на кои ќе им бидат достапни повеќе од 90% од вообичаените површини на фестивалот. Во продажба се вратија и четиридневните влезници по цена од 3700 денари, преку официјалната страница на exitfest.orgкако и преку продажната мрежа на МкТикетс во Македонија, а по рестартирањето на продажбата интересот е огромен и моментно се достапни само четвртина од намалениот капацитет на влезници! Со овој бран на изведувачи, веќе од среда 17 јуни пристигнува и омилената акција на фановите на ЕГЗИТ „4+1“, која секоја година се распродава исклучително брзо, а популарноста се должи на фактот дека друштвото кои заедно ќе купи четири влезници, петтата ја добива на подарок!
 
Суперѕвездите на ЕГЗИТ 2.0:
Водечкиот германски диџеј и продуцент Робин Шулцкој зад себе има 15 милиони продадени албуми и синглови пристигнува на августовскиот ЕГЗИТ! Зад себе има четири најпрестижни германски Ехо (ECHO) награди, како и номинација за Греми (Grammy), а на листата со соработници ги има Дејвид Гета, Моби, Џејмс Блант и бројни други. На главната бина пристигнува и француското дуо „Офенбах“ чии танцувачки хитови базирани на рокабили музиката не се симнуваат од радио станиците, баш исто како и оние кои ги потпишува Бурак Јетер, една од најголемите сензации на клупската сцена во изминатите пар години чиј голем хит-сингл „Tuesday“ бележи преку 500 милиони прегледувања на ЈуТјуб! Кон оваа низа ќе се придружи и талентираниот Диџеј Регард, чиј ремикс на хитот на Џеј Шон „Ride It“ го преплави „ТикТок“, додека неговиот нов сингл „Secrets“ веќе стана еден од хитовите на летото пред нас. Од самиот почеток драм-енд-бејс музиката е вткаена во темелите на Егзит, а во историјата на овој моќен звук главната позиција ја држат двајца клучни гости на Фестивалот во август, големите Рони Сајз и Елтиџеј Букем чиј заеднички настап вокално ќе го износи Дајнамајт Емси еден од најпостојаните актери на „Меин Стејџ“ и соработник на Рони уште од времето на Репразент (Reprazent).
 
Доволно е само да се каже дека на Арената во иста ноќ заедно се враќаат и Нина Кравиц и Амели Ленс и да настане вистински хаос на социјалните мрежи! Русинката и Белгијката денеска се можеби и двете најпопуларни техно уметници, а на двете им е заедничко тоа дека публиката на Егзит ги прифати уште на самиот почеток од нивните кариери! Покрај нив, тука е и ненадминливиот Пол Калкбренер, еден од најголемите светски продуценти чии врвни настапи се сметаат за „live act“, а никако за диџејски сет, како и обожаваниот Блек Кофи. Љубителите на хитовите веќе во првата рунда добиваат многу моќни ударни имиња меѓу кои е и „Медуза“, бендот кој беше и еден од фаворитите за „Греми“, чиј хит „ Piece of Your Heart“ брои преку 600 милиони стримови, покрај платинестите тиражи и врвовите на бројни светски топ-листи. На тврдината се враќа и уште еден планетарно обожаван Германец Борис Брејча за кој се бара карта повеќе било каде и да настапува со својата прочуена џокер-маска! Откако беше објавено дека веќе на 11 јули пристигнуваат на големата „Но Слип“ журка за загревање за ЕГЗИТ, диџејското дуо од Киев „АРТБАТ“, во август доаѓа и на Арената да претстави дел од десетиците свои колосални нумери со кои со рекордна брзина се искачија на светскиот трон. А како е да се биде на врвот веќе со години, најдобро знаат „Тејл Оф Ас“, миланскиот диџејски тандем кој го истакнува ЕГЗИТ како фестивал кој секогаш одново ги распаметува. Заедничка историја со најпознатиот фестивал во регионов има и Дакс Џеј, британско-берлинскиот техно херој кој „Миксмаг“, „Грув Магазин“ и „Диџеј Маг“ во низа, неодамна го прогласија за најдобар диџеј на новата генерација, а ЕГЗИТ уште од 2009 го препозна и го награди на конкурсот за млади диџеи. Со него во „бек-ту-бек“ настап специјално за роденденскиот Егзит, пристигнува и фуриозниот Кобосил, ударната ѕвезда на најпознатиот светски клуб Бергхаин, а „бек2бек“ подарок за публиката ќе приреди и официјално најдобриот британски диџеј и едно од најбараните имиња на новата генерација Денис Султа! Негов „дабл“ на  Арената ќе одигра Диџеј Тенис, обожаваниот италијански продуцент и диџеј кој своите музички корени ги влече од психоделичната хипи и панк сцена. 
 
Фантастичната Џулиана Хакстaбл, основачка на проектот „Shock Value“, бестрашниот техно продуцент и диџеј Франсоа Екс и еден од најбараните „лајв“ артисти на денешницата, 999999999, токму во „лајв“ издание, ги предводат првите потврдени имиња за „Но Слип Нови Сад“, бината која привлече огромно интернационално внимание изминатите години и создаде свое самостојно фестивалско издание во Белград.
Copyright © 2020 Password Production, All rights reserved.
You are receiving this email because you opted in at our website

Our mailing address is:
Password Production
Vladimir Komarov 6
Skopje 1000
Macedonia

Add us to your address book



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани