Конечно, лоповот фатен - Горан Бреговиќ осуден за плагијат тежок милион евра
  Објавено на
share

Горан Бреговиќ осуден за плагијат тежок милион евра

Enrico Macias se lâche : « Je suis Algérien par mes racines et ...

на сликата - Енрико Масиас

Босанскиот музичар Горан Бреговиќ е осуден за плагијат. Тој морал да му платил отштета од милион евра на францускиот композитор Енрико Масијас, поради недозволена употреба на неговата музика.

Масијас поднел тужба против Бреговиќ пред околу десет години. Тој тврдеше дека Бреговиќ ја користел неговата музика и ја претставил како своја, за потребите во филмот „Сонот на Аризона“ на Емир Кустурица.

Десет години подоцна, францускиот суд го прогласи Горан Бреговиќ за виновен.

***

Тоа погоре е веста. Ова е мое јадење бурек. Инаку за кражбите негови, се зборува одамна, на времето дури и Влатко Стефановски беше негова жртва. Едноставно човекот си лапаше што му текне и кога сака и никому ништо, се досега. Паметам кога се јави кај еден од музичарите во Македонија неговиот продуцент кога разбра дека за проектот на Милчо Манчевски Пред Дождот, снима некоја анонимна, дотогаш, група под името Анастасиа со зборовите: Је ли бре, ко су ти шупци? А откако излезе нивното музичко ремек-дело ... ПА музиката била препродуцирана. 

Никој не му спори слава и успех, но дека бил вулгарен плагијатор ќе ви го каже секој сериозен (македонски) музичар. Како и да е, долга е раката на правдата ем правдината. Не дека нешто ќе смени, но, ете, некаква сатисфакција за сите оние кои биле искористени. 

Пар негови слики со неколку потполно оперирани од музика, било каква поп култура и минимално предзнаење воопшто за оваа уметничка област. Се тепаа лани кој попрво да се слика со минус милионеров пред неговиот концерт. Па, не се далеку од него и неговите соговорници во професионална смисла - фејкери.  

Еден на Еден

Интервју со Горан Бреговиќ (07.02.2019) | Телма

Е толку беше, појело се попило се, уште вода да се пушти и да говна оду

Што Горан Бреговиќ неможе да смисли во својот стан? Y02; Улица
 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани