А што има државата да доделува или одзема лиценци на медиуми?
  Објавено на
share

Ама другар, они сакаат државна регулација затоа што не можат да опстанат!!! Само со партиско-државни донации, оти фб, јујтуб и инстаграм и твитер ги згазија а газдите се научени само на малдиви и курот да си го чешлаат - без продукција! Они притискаат за регулација!

Они се неспособни за пазарно работење - затоа мене ме мразат најмногу на цел свет! 

 

А што има државата да доделува или одзема лиценци на медиуми? Пуштете ги слободно, па кој колку е успешен. Да се укинат сите законски и подзаконски акти за медиумите, сите институции кои се занимаваат со нивна регулација, како и сите одлуки кои ги имаат донесено таквите институции. Тоа се вика слобода, додека се друго е само различно ниво на тиранија.

Впрочем, еве што вели Првиот Амандман од Американскиот Устав:
„Конгресот не смее да носи НИКАКВИ закони кои ја регулираат слободата на религијата, слободата на изразувањето, слободата на говорот, слободата на печатот, слободата на здружувањето и поднесувањето петиции до Владата.“

Епа ајде Шарени Господа, ако навистина ги почитувате западните вредности, укинете ги сите закони и институции кои се занимаваат со било какви медиуми или религии. Слобода без граници!




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани