Артан Груби: Спремни сме за соработка со СДСМ, но само ако Зибери е премиер - кратко и јасно, друга алтернатива нема.
  Објавено на
share

 

Артан Груби: Спремни сме за соработка со СДСМ, но само ако Зибери е премиер - кратко и јасно, друга алтернатива нема.

Логично, СДСМ има 46 пратеници, ДУИ има 15 пратеници, или вкупно 61 пратеник, а тоа е сосема доволно за да се избере Владата и да се избере претседател на Владата, рече Артан Груби од ДУИ во денешното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.

– ДУИ е стабилен партнер. ДУИ не е авантуристичка партија којашто ги менува ставовите на секои три дена па да мора да се составува Влада на секои пет дена со други партнери. Ние сме лојални кон граѓаните. Не сме тука за да предизвикаме институционална криза. ДУИ е сериозен партнер и тоа многу добро го знаат и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме подготвени за соработка со СДСМ, но со Насер Зибери како премиер – рече Груби.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани