Памтите колку се палевте дека Италија ќе излезе од ЕУ? Ништо од тоа, се било глума за пари! Нивната најголема грижа е сега кој ќе лапне најмногу од парите - мафијата или политичарите
  Објавено на
share

 Тие што јадеа гурабии дека Италија искача од ЕУ, демек, лути како не им била пружена помош, море знамиња биле изнесувани и рамноземјшаи паѓаа у транс, сега ги нема никаде - Италија не што не си оди туку лапа уште повеќе од ЕУ.

EU's 'moment of truth' as leaders seek Covid funding deal - BBC News

Италија во моментов е на прегопвори во седиштето на ЕУ и ќе м'цне ташки миљарди лапензи-кркензи од фондовите за справување со короната.

Нивната најголема грижа е како мафијата дома да не ги лапне парите туку тие да отидат на прави места, најверојатно ќе ви кажат во здраството но ќе завршат кај политичарите.
Така уште еднаш разно-разните дебили со нивните празни муабети кои и ги заборавивте сега се прават наудерини оѕгти кјадењето гомна им е стручна спрема во која дури ни јас не можам да им парирам.
Целото плачипичкарење и падавичарење на италијанците беше токму и со оваа цел - лапање пари ... као за покривање и помош на економијата, во суштина, неспособноста на властете за економската катастрофа со која се соочуваат.

Еве еден извадок од слободен печат на таа тема, кој само го потврдува тоа.
 

Мафијата ќе нурне во тоа море од пари: Италијанските власти предупредуваат кој може да профитира од европските фондови

 
Италијанските мафијаши во изминатите децении длабоко се инфилтрираа во економијата која стагнираше со години пред пандемијата.

Италијанските истражители предупредија денеска дека припадници на мафијашки групи ќе се обидат да дојдат до дел од стотината милијарди евра кои Италија треба да ги добие од фондот на ЕУ за опоравување од пандемијата на коронавирус.

Додека лидерите на ЕУ на самитот во Брисел, преговараат за износот и условите за помош, директорот на италијанската истражна агенција за борба против мафијата (ДИА) Џузепе Говернале рече дека мафијашите сигуро веќе прават стратегии за да дојдат до тие пари преку корупција или со злоупотреба на бавната и крајно неефикасна бирократија.

„Стотина милијарди евра ќе се испратат во Европа и во Италија, а мафијата нема да стои настрана и да гледа. Мафијата ќе нурне во тоа море од пари“, рече Говернале за телевизијата РАИ.

Неколку италијански мафијашки групи често користат заплашување за склопување  често користат заплашување за да склопат договори за јавни работи со локалните власти.

Во шестмесечниот извештај за парламентот на околу 900 страници ДИА наведе дека повеќе од 50 општини во Италија главно на југот на земјата, традиционалното упориште на мафијата, и на крајниот север, моментално ги водат локални гувернери, бидејќи истражителите утврдија дека шефовите на мафијата имале контрола над избраните локални власти во тие места.

Италијанските мафијаши во изминатите децении длабоко се инфилтрираа во економијата која стагнираше со години пред пандемијата.

Мафијашите за тоа време користеле милијарди евра од трговијата со кокаин и други наркотици, па купувале пропаднати хотели, аптеки, ресторани, агенции за трговија со автомобили и продавници за облека.

Ндрангета, најсилната мафијашка група во Италија е една од најмоќните во светот, има добра позиција да продолжи со масовно купување, посебно откако туризмот и малопродажбата се тешко погодени со затворањето поради коронавирусот.
 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани