Дали денарот ќе девалвира - објаснува Виктор Трифуновски
  Објавено на
share

 

Дали денарот ќе девалвира - објаснува Виктор Трифуновски 

 

Македонија уште има сила за одржување на денарот, или како тоа академски се нарекува „макроекономска стабилност“ . Во најлош случај, секнувањето на кредитите би се пополнило (краткорочно) со приватизација на некои државни капацитети, а ништо чудно и ЕУ да улета со политичка одлука, донаторска, пакет мерки, незнам како се не ги именуваат.

Девалвациите и банкротите се поретко се економска, се почесто се политичка ситуација. Пазарот во глобала можеш да го предвидиш во однос на валутите...ама политичарите тешко. Постои сериозна група на тајкуни и теоретичари во Македонија која заговара девалвација на денарот, и тоа го продаваат како „зголемена ликвидност“ „промена на курс“ итн...и дали таквото мислење еден ден ќе добие простор во реланата политика...кој да знае.

Во секој случај, место за загриженост за денарот постои, поготово на долг рок (3-5 години од сега, па натаму). Бидејки и без адвокатите за инфлација, дупките во нашите расходи стануваат се поголеми. Поголема е веројатноста дупките да се пополнуваат со нови пари (позајмени или недај боже отпечатени) отколку да се отпишат основите за трошење (администрација, тендери, капитални инвестиции, итн). Во овој момент ништо не е сигурно, затоа и инвестициите се загрижувачки мали.

Да одлучуваше пазарот, Македонија немаше ни да помириса девизни кредити од странство. Стаднардот ќе беше можеби за 10-20% понизок, ама валутата ќе беше посигурна, долговите ДАЛЕКУ помали, а дупките во расходите едвам возможни. Државата ќе мораше сериозно да се реформира ако сака повеќе капитал, а не да влегува во политички пазари.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани