Анкетите покажаа - најпочитувана земја во светот е Германија, се чудим зошто, бат вај?
  Објавено на
share

 Анкетите покажаа - најпочитувана земја во светот е Германија, се чудим зошто, бат вај?

 

Германија е најпочитувана држава во светот трета година по ред во годишната студија за светското лидерство на „Галуп“. Далеку зад неа, во борба за второто месо се САД, Кина и Русија, покажува обемното истражување објавено од Гардијан.

 

САД имаат оценка од 33 отсто за глобално одобрување во 2019 година, со само еден процентен поен предност од Кина и 3 отсто пред Русија.

Анкетата дополнително фрла сомнеж врз тврдењето на американскиот државен секретар Мајк Помпео во петокот дека САД се „совршено позиционирани“ за да го водат слободниот свет во ново идеолошко ривалство со кинеската Комунистичка партија.

COVID-19: Death toll in Germany rises to 171

Германија е со голема предност пред сите три држави – 44 отсто од испитаниците ширум светот изјавиле дека земјата е нивната најпочитувана.

Студијата меѓу 1.000 возрасни лица во секоја од испитаните 135 држави е спроведена во 2019 година, пред избувнувањето на пандемијата на коронавирусот.

Глобалниот статус на Вашингтон би можел да претрпи уште повеќе поради неговото лошо управување со пандемијата во која најмногу се погодени САД.

САД беа најпочитуваната земја во светот секоја година за време на администрацијата на Барак Обама, освен една (кога беше втора само за Германија во 2011 година), но тогаш популарноста на Америка се намали за 18 процентни поени по инаугурацијата на Трамп, закрепнувајќи набргу потоа на нешто повеќе од 30 отсто.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани