Андреа Бочели: Се чувствував навреден и понижен. Симболот на единстрвото на Италија во време на корона кризиата жестоко ја критикува владата
  Објавено на
share

Андреа Бочели: Се чувствував навреден и понижен. Пеачот со жестока критика до владата на Италија.

Италијанскиот тенор Андреа Бочели ја критикува италијанската влада за нејзиното постапување во врска со коронавирусот велејќи дека тој бил понижен поради мерките за самоизолација и ги повика луѓето да не ги почитуваат правилата што сè уште постојат.

Неговите коментари на конференција во италијанскиот Сенат беа изненадувачки и сосема неочекувани затоа што 61-годишниот оперски пејач беше симбол на национално единство во екот на пандемијата. Тој на Велигден во празната катедрала во Милано одржа концерт во живо. Неговиот настап во празната миланската катедрала беше со наслов „Музика за надеж“.

„Се чувствував понижено и навредено. Не можев да ја напуштам куќата иако не сум сторил никакво кривично дело“, рече Бочели на конференцијата, на која присуствуваа опозициски политичари, вклучувајќи го и Матео Салвини, лидер на крајнодесничарската партија Лига, која ја нападна владата на премиерот Џузепе Конте во врска со справувањето со здравствената криза.

Строгите прописи за самоизолација почнаа на почетокот на март, а беа постепено ублажувани наредните три месеци.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани