Не е можно да има комарци низ Скопје, цело време користиме Германски препарати! ... подвукао је на крају свог излагања
  Објавено на
share

Не е можно да има комарци низ Скопје, цело време користиме Германски препарати 

На властите од град Скопје им е чудно како после толку праскање има повторно комарци низ градот Скопје кога цело време се користат Германски препарати, но и покрај високата цена на препаратите ќе се воведе и дополнително прскање.

Поради изразената влага во вегетацијата која придонесува за поголемо размножување, во консултација со надлежните здравствени служби, Градот Скопје донесе одлука во вторник да спроведе вонредно прскање на комарци, соопштија оттаму.

Одлуката за вонредно прскање следува по реакциите на граѓаните кои беа револтирани од наездата комарци во градот. Фактор вчера пишуваше дека граѓаните се искасани на по неколку места за само неколку минути.

Од градот потсетуваат дека оваа година извршиле 4 авионски и 4 терестични дезинсекции на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци и против ларви од комарци.

„Последната фаза од авионското прскање беше минатата недела, односно на 15 и 16 август, а терестичната дезинсекција се одвиваше од 17 август до 21 август. Дезинсекцијата Градот Скопје ја спроведува според сите светски и европски стандарди, а средството кое што се користи е од најдобриот светски препарат, производство на Бајер – Германија, а прскањето и растварањето на средството се врши согласно упатството на производителот, а под надзор на комуналните служби на градот, соопштуваат од град Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани