Албанците сочинуваат околу 35-40 проценти од вкупното население во С Македонија и затоа треба да имаат 50 пратеници на следните избори
  Објавено на
share

Албанците сочинуваат околу 35-40 проценти од вкупното население во С Македонија и затоа треба да имаат 50 пратеници на следните избори

Со реформа на изборниот систем, Албанците можат да освојат до 50 пратенички мандати во Собранието, проценува Абдула Мехмети, професор на Тетовскиот универзитет и претседател на Албанско-американската академија на науките со седиште во Скопје.

„Иако албанските партии заедно добија 11.044 гласа помалку од претходните избори, од различни причини тие освоија 12 пратеници повеќе, доаѓајќи до бројот од 32 места од вкупно 120 во Парламентот. Тоа е најдобриот резултат што некогаш го постигнале албанските политички сили во Македонија. Сепак, тој не го рефлектира вистинскиот потенцијал за политичко претставување на Албанците во Парламентот. Врз основа на вкупниот број Албанци во Македонија и на бројот на расположливи албански гласови, Албанците можат да стигнат до 45-50 пратеници“, вели Мехмети во интервју за албанскиот портал „Егзит“.

„Врз основа на нашата анализа и на компаративните податоци извлечени од Државниот завод за статистика и други официјални институции на Македонија, Албанците сочинуваат околу 35-40 проценти од вкупното население во С Македонија. Бројот на гласачи треба одблизу да го одразува процентот на Албанците кои живеат тука и врз основа на достапните податоци, политичките партии кои тврдат дека ги претставуваат Албанците треба да се обидат да освојат близу 50 места во 120-члениот парламент на С Македонија“, додава тој.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани