Големи протести во Берлин поради мерките за Корона - 300 уапсени
  Објавено на
share

 Големи протести во Берлин поради мерките за Корона - 300 уапсени

Протести ширум Европа против „медицинската тиранија“, во Берлин 300 уапсени


Илјадници противници на носењето заштитни маски за лицето особено на јавните простори и на другите рестриктивни мерки кои ги преземаат владите за справување со пандемијата на коронавирусот излегоа во саботата на улиците на повеќе европски градови, а во Берлин по судирите меѓу приврзаниците на крајната десница и полицијата уапсени се 300 лица.

Првиот човек на одделот за внатрешни работи на Берлин, Андреас Гејзел, изјави дека околу 200 лица се аупсени пред руската амбасада отккако фрлале камења и шишиња врз полицајците, во инцидент кој нема поврзаност со политиката, и оти повеќето подоцна се ослободени. Во овој инцидент нема повредени.

Според податоците на властите вкупно околу 38.000 лица учествувале, главно мирно, на собирот од кој организаторите повикаа на завршување на сите рестриктивни мерки против кооронавирусот.

Во Лондон повеќе од илјада лица на Трафалгар Сквер повикуваа на ставање крај на „медицинската тиранија“, додека во Цирих повеќе од илјада луѓе повикуваа на „враќање на слободите“. Во Париз до 300 лица протестираа на Плоштадот на нацијата против задолжителното носење заштитни маски на јавните простори и за „слободата на изборот“. По неколку стотици лица протестираа и во другите француски градови, како Нива, Кан и Ран.

Во Берлин по барањето да се разотидат, учесниците на маршот останаа во групи и извикуваа „Отпор“ и „Ние сме народот“, кој се користи како мото на крајната десница. Собирот под мотото „Свеченоста на слободата и мирот“, кој ги обединува активистите на противниците на вакцинирањето, заговорниците на теориите на заговорот и симпатизерите на крајната десниците, беше вториот масовен за еден месец, што ги загрижува германските власти.

Берлинскиот собир медиумите го опишуваат како „многу мешовит“, од сите возрасни групи, вклучителни и цели семејства со многи мали деца. Се виореле знамиња во боите на виножитото, на Германија, на САД и на Русија, како и на германскиот Трет Рајх, а биле истакнати транспрарентите „Најголемата теорија на заговорот е корона-пандемијата“ и „Крајот на пандемијата е ден на слободата“. Се барала, исто така, и оставка на канцеларката Ангела Меркел.

Градската управа на германската престолнина го забрани протестот со образложение дека нема да бидат запазени санитарните мерки и неможноста да се одржува растојанието, но подоцна сидот на кој се обратија организаторите го дозволи собирот. Новиот собир беше одржан во атмосфера на растечкото незадоволство во германското јавно мнение кон ограничувањата во текот на пандемијата кои траат речиси половина година.

Организаторот на протестот, Михаел Балвег, информатички претприемач без политичко определувања е на чело на движењето „Мислители неконформисти – 711“ создадено во Штутгарт, од собирот во Берлин побара „моментална оставка“ од владата, што беше проследено со огромен аплауз.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани