Мило паѓа - власта во Црна Гора губи само затоа што имаше огромен одзив на изборите и народот гласаше!
  Објавено на
share

 Мило паѓа - власта во Црна Гора губи само затоа што имаше огромен одзив на изборите и народот гласаше!

Демократската партија на социјалисите на Мило Ѓукановиќ иако со мала предност, го доби најголемиот пораз на изборите досега. Првичните неофицијални резултати покажуваат дека мнозинство во идниот парламент ќе го имаат три опозициони коалиции кои веќе прогласија победа и доаѓање на слободата.

-По 31 година и една апсолутна власт мораше да се случи и ова. Кој ќе удри на Бога и Василије Острошки мора така да помине. Опозицијата има веќе 42 мандати и мнозинство во парламентот изјавија од изборниот штаб на коалицијата „За иднината на Црна Гора“

Убедлива победа е прогласена во Будва но и во другите општини каде се оддржуваа и локални избори каде се слави иако и СПЦ и опозицијата апелираа да не се излегува на улици и да не се слави да не дојде до судири и инциденти.

Гласачките места во Црна Гора беа затворени во 20 часот, а право на глас на парламентарните избори имаа 540.026 граѓани. Во Црна Гора има 1.217 избирачки места кое беа отворени во 7 часот изутринава.

На парламентарните избори во Црна Гора, кои се одржаа денес, 409.880 граѓани го искористија правото на глас, односно 75,9 проценти од вкупниот број гласачи, објави ЦДТ.

На парламентарните избори во 2016 година излезноста до 20 часот беше 73,4 проценти, а во 2012 година 70,6 проценти.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани