ОТВОРЕТЕ ГИ КИНАТА - ВЕДНАШ!
  Објавено на
share

Вретете го киното!

НИ ТРЕБА, ОТОВОРЕТЕ ГИ САЛИТЕ!

 

Пред скоро 11 години се појави филмот Аватар. Дотогаш јавноста и публиката, каква што сме, гледаше некои купечки двд-а и цд а од пазар оти видеотеките беа одамна мртви. Во кино не одевме оти ние самите одлучивме дека ни е супер дома, на некое каки-тв да изгледаме некоја лоша копија на некој одличен филм за кој ќе мрсиме дека не бил ништо нарочито. Тоа е како да изгледаш  концерт на твојот омилен пеач од 3 киломeтрi со дурбин свртен наопаку. 

Со Aватар започна и големото враќање во кино кај нас, но кое никогаш не престана во културните и цивилизирани земји. Особено беше важно што започне ре-креација и реинвенција на 3Д техниката на светско ниво кое го зголеми хајпот за одење во кино.

Во тоа време беше кај нас само кино Центар, денес Милениум, огромно платно со еден ќумур темен проектор кој снимките ги правеше ремикс на човек во црно како копа јаглен во рудник откако снемало струја. Знаете што се случи? Јагмата беше толку голема околу филмот што луѓето си се организираа и цели автобуски тури одеа во соседните земји каде имаше модерни функционални кина со 3Д проекции. И беа во право на толку трошење средства, затоа што искуството беше вџашувачко. Ова особено им го велам на оние кои велеа дека ништо посебнои не бил филмот ... океј, но после гледање во 3Д ... леле мајко, па како добро изгледало сево ова, нели?

Сево ова бегање и фрлање пари по соседни земје нагло прекина кога се отвори Синеплекс. Публиката масовно се врати затоа што во историјата не сме имале подобро опремено и поадекватно место за гледање филмови. После ова критериумите не сите се издигнаа на особено повисоко ниво, што е добро, ма чуј, добро, одлично! Кај бевме ние навикнати светската примера на филмски хит да биде во исто време и таму и кај нас?

Короната не затна како со тапа, но полека се се врати во нормала. Журките има секојдневно дали по клубови или не знам каде се не и тоа така да танго стискавац од ои средношколски денови не се споредува, а камо ли тисканиците во автобусите. Но некој заклучил дека културата е на последно место во оваа земја, и се проработе освен кината и театрите.

Зошто? Не, нема добар опдговор, од никого, оти ние сме анти-културни луѓе? Последно ни е културата? Не, не верувам во тоа. Во мешувреме, сите земј и во регионот ги отворија кино салите, таатрите но кај нас сеуште се мислат!?!?! 

Филмот Тенет растура низ светот и ќе кажете дека ние сме попаменти од нив што не отвораме, вие, кои сте качени на маса на журки по наши летуваишта на турбо фолк? Се надевам дека салите наскоро ќе се отворат, а ги следев протоколите кои цинеплекс ги има спореведено низ сите земји и сум убеден дека безбедно ќе можам да селдам и со уживање.Секаде има соодветен протокол за безбедно гледање представа.

Ако не дозволите да се отворат ...  Јас се спремам да извадам, виза, направам тест и започнам повторно, како порано, да фрлам пари да одам во соседни земји да гледам филмови кои се за мене, цивилизациска продобивка.

Тенет на Нолан за мене е Е и заслужува. За жал не можев да го гледам кај нас. Се наближува премиерата на DUNE, зарем мислите дека ќе си дозволам такво ремек-дело да го гледам на некој пиратска копија во сомнителна резолуција? Не, фала ...  

Она што ме чуди е додека Синеплекс работеше моиоте колеги и познати јавни личности масовно им се додворуваа за добијат влезница за премиера, а сега, кога сме на прагот на донесување на одлука да се заживее културата (кина, теарти) никаде ги нема да дадат поддршка. Зошто? Ма си знам ама нејсе ...

Давам јавна поддршка и барам до сите релевантни фактори да дозволат отворање на кино салите и театрите!

 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани