Хуавеи наскоро почнува да работи само со Хармони ОС - пуштена верзија 2
  Објавено на
share

Хуавеи наскоро почнува да работи само со Хармони ОС - пуштена верзија 2

ХУАВЕИ МИНУС АНДРОИД

Од следната година Хуавеи и официјално ќе почне да продава смартфони кои работат на ХармониОС алтернативата на Хуавеи за Андроид на Гугл. Денес компанијата ја пушти втората верзија од ХармониОС.

 

Trump says that Huawei isn't up for discussion with China

  • Според Хуавеи нивниот оперативен систем им овозможува на програмерите да изработат само една верзија на апликацијата која потоа може да се користи на најразличен хардвер.

Најавата е дека ХармониОС наскоро ќе биде достапен за програмерите, а Хуавеи планира да го понуди и на своите ривали за уреди како паметни часовници, телевизори, автомобили и смартфони. Кинезите веруваат дека производителите на уреди можно е да се заинтересирани за ХармониОС како резервна опција во случај да наидат на исти проблеми со Гугл како и тие.

Наводно оперативниот систем веќе ги има основните апликации како мапи, меил клиенти, браусери и слично, а продавницата за апликации на ХармониОС - Хуавеи мобајл сервисес ХМС, веќе има 96.000 апликации.

Она што фали во дуќанот на Хуавеи се апликации како Нетфликс и Спотифај, а малку е веројатно дека Гугл ќе ги стави своите апликации на ХармониОС како што на пример ги има на Иос на Епл.

Курцшлусот меѓу Хуавеи и Гугл изби откако кинеската компанија беше ставена на црната листа на САД, по што ни една американска компанија не смее да соработува со нејзе. Тоа го присили Гугл да прекине да работи со Хуавеи, заради што компанијата мораше своите нови телефони да ги пушти во продажба без лиценцирана верзија на Андроид. Тоа не беше проблем во Кина каде сервисите на Гугл како Гмаил или пребарувањето и онака се забранети, меѓутоа му се неопходни на Хуавеи за на меѓународниот пазар.

 виа оффнет




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани