КОНЕЧНО! ОДИМЕ ВО КИНО! Се отвораат кината и театрите, ќе работат според посебен протокол
  Објавено на
share

 

Се отвораат кината и театрите, ќе работат според посебен протокол

 

На денешната седница Владата донесе одлука во согласност со која театрите, кината, операта и балетот ќе работат според Протоколот за организирање настани.

„На предлог на Комисијата за заразни болести денеска Владата ги усвои и Протоколот за работа на природните лекувалишта за услови на здравствена криза, како и Протоколот за работа на едукативните центри, музички училишта и центри/училишта за странски јазици во услови на појава на болеста“, соопштија од владината прес-служба.

Со оваа одлука се опфатени и другите манифестации со филмски проекции, мултимедиумските проекти, фестивалите и други манифестации од дејноста на културата.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани