ЕРДОГАН - ЕРУСАЛИМ Е НАШ ГРАД
  Објавено на
share


ЕРДОГАН - ЕРУСАЛИМ Е НАШ ГРАД

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во своето обраќање во турскиот Парламент одржа говор за Ерусалим и за Палестинците, во кој рече дека „Ерусалим е наш град“.

Ердоган се повика на владеењето на Османлиите со Ерусалим, кое траело, како што кажа турскиот претседател – полни 400 години, од 1517 до 1917 година. Оттаму, како што рече тој, не треба да се бараат други причини за грижата на Анкара за Палестинците денеска.

Тој додаде дека ѕидините на Ерусалим, кои се уште стојат, како и куполата на карпата во стариот град, биле обновени од султанот Сулејман Величествениот, кој владеел со Отоманската Импереија од 1520 до 1556 година.

„Прашањето на Ерусалим не е обичен геополитички проблем за нас. Најпрво Стариот град, срцето на Ерусалим, го изградил Сулејман Величествениот и нашите предци покажале почит и високо го ценеле тој град,“ наведе Ердоган во говорот пред пратениците.





 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани