ЗАТВОР ЗА ФАШИЗМОТ - СЛОБОДА НА НАРОДОТ - Шефот на грчката ултрадесничaрска Златна зора осуден за управување со криминална организација
  Објавено на
share

 Шефот на грчката ултрадесничaрска Златна зора осуден за управување со криминална организација

ЗАТВОР ЗА ФАШИЗМОТ - СЛОБОДА НА НАРОДОТ! 

Основачот и лидер на грчката радикална десничарска партија Златна зора, Николаос Микалолиакос, е прогласен за виновен за управување и припадност на криминална организација, а толпата што се собра пред зградата на судот со воодушевување ја поздрави ваквата одлука. Околу 15.000 луѓе ја дочекаа пресудата со силен аплауз. 

Михалолијакос, 62-годишник кој му се восхитува на националсоцијализмот, е еден од 68-те обвинети во судскиот процес против таа неонацистичка партија, вклучена во едно убиство и два обида за убиства. Тие се обвинети за водење криминална групација под фасада на политичка организација. Обвиненијата вклучуваат нелегално поседување оружје и бруталност кон политичките ривали. Обвинетите ги негираа сите обвиненија и тврдат дека станува збор за политичко заплашување.

Златна зора го достигна својот политички зенит во 2012 година, во време на економската криза во Грција. Таа година таа освои 12 проценти од гласовите на изборите и беше трета најсилна партија во парламентот. Нејзините претставници промовираа радикални десничарски и расистички идеи на политичката сцена.

Судскиот процес почна во април 2015. година и трае веќе пет години. Пресудата може да ја збрише Златната зора од политичката сцена. Тие веќе ја платија цената на самиот судски процес, бидејќи партијата не успеа да го надмине прагот од 3 отсто  за влез во парламентот на изборите минатата година.

 



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани