ЗА БОГАТИТЕ СВЕТОТ ЌЕ СЕ ВРАТИ НА НОРМАЛА КОН КРАЈОТ НА 2021, ЗА ДРУГИТЕ ЗДРАВЈЕ
  Објавено на
share

 

ЗА БОГАТИТЕ СВЕТОТ ЌЕ СЕ ВРАТИ НА НОРМАЛА КОН КРАЈОТ НА 2021, ЗА ДРУГИТЕ ЗДРАВЈЕ

На богатите држави им е потребно само да профункционира вакцината против ковид-19, за тие да почнат да се приближуваат на нормалата од пред пандемијата, смета Бил Гејтс.

„До крајот на следната година работите може да почнат прилично многу да се приближуваат кон нормалата и тоа е најдоброто сценарио, но се уште не знаеме дали вакцините ќе функционираат,“ изјавил Гејтс.

На страна успешноста на вакцината, Гејтс предвидува дека и најголемите глобални компании ќе имаат проблем да произведат доволно дози за покривање на САД, и дека распределбата на вакцината меѓу САД и другите држави низ светот ќе биде „многу сериозна тема на тензии“.

Моментално низ светот се развиваат над 200 различни вакцини против ковид-19, а првиот човек на СЗО објави дека до крајот на годината би можеле да имаме вакцина. За сега два водечки кандидати (на Западот) се вакцините на Фајзер/БиоНТеч и АстраЗенека/Оксфорд.

Гејтс изјавил дека неговата фондација е во разговори и со Русија и Кина околу вакцините, меѓутоа за сега ниту еден нивен кандидат „не е во трета фаза“ на испитување. Тој објаснува дека од научна гледна точка руската и кинеската вакцина се совршено валидни проекти, меѓутоа недостатокот на студија од фаза три (внимателно следено и документирано испитување на вакцината кај луѓе) би ја ограничило привлечноста на вакцините вон овие држави.

 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани