Компанијата DM им исплати бонус од 9.000 денари на сите вработени како поддршка заради Ковид
  Објавено на
share

Компанијата DM им исплати бонус од 9.000 денари на сите вработени како поддршка заради Ковид

И покрај 14 редовни плати кои на своите вработени ги исплаќа во текот на годината, сите вработени во компанијата „Dm drogerie markt" во Македонија на почетокот на октомври добија награда, вонреден бонус во износ од 9.000 денари.

 

Germany's Largest Drugstore Chain DM-Drogerie Markt Adopts Alipay |  Alizila.com

 

„Со овој гест компанијата сакаше да изрази посебна благодарност до целиот тим, за дополнителната посветеност и придонес за време на пандемијата предизвикана од корона вирусот. На овој начин, најголемиот дрогериски ланец во Европа дополнително вложи повеќе од 2.1 милион денари за поддршка на вработените во Македонија, а слична иницијатива е спроведена и во другите земји во кои делува dm", велат од компанијата.

Од дрогеријата додаваат дека корпоративната филозофија „Човекот во центар на работењето" годинава доби ново значење, безбедни услови за работа во маркетите и просториите на компанијата и здравствена заштита на вработените и за купувачите.

„Со исплатениот бонус сакавме да ја потенцираме круцијалната важност на зачувување на работните места во месеците пред нас и уште еднаш да испратиме пораката дека луѓето се најважната алка во секој деловен синџир", изјави Александра Оливера Кориши, директор на „dm drogerie markt" во Србија и Македонија.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани