Собранието се поднови со 100 лаптопи - затоа мирни бебињата, бутни им цицка и си ќутат
  Објавено на
share

 

Собранието се поднови со 100 лаптопи

Се работи за моделот HP EliteBook 735 G6 Notebook PC, а според набавката, еден лаптоп чини 56 445 денари или 917 евра, без вклучен ДДВ

HP 13.3" EliteBook 735 G6 Laptop 7RR59UT#ABA B&H Photo

 Со потпис на спикерот Талат Џафери, Собранието на Република Северна Македонија склучи договор за набавка на сто преносни компјутери. Се работи за моделот HP EliteBook 735 G6 Notebook PC, а според набавката, еден лаптоп чини 56 445 денари или 917 евра, без вклучен ДДВ.

Договорот е склучен со ИТ-компанијата „Неоком“. Таа е должна во рок од 60 дена да ги испорача лаптопите, кои треба веднаш да бидат приспособени за работа и на секој од нив на декстопот да има документ со упатство за користење.

Стоте компјутери Собранието ги добива во период на корона-криза, кога власта и опозицијата се натегаат околу тоа дали парламентот треба да работи онлајн, откако тројца пратеници есенва беа позитивни на ковид-19.


Во прилог на тезата на ВМРО-ДПМНЕ, пратеничката од нивните редови, Дафина Стојаноска, при гостување во емисијата „Вин-вин“ на ТВ Телма, меѓу другото, праша и „дали секој пратеник ќе има домашни услови да може да учествува онлајн во Собрание“?

Прашавме во Собранието зошто се набавени лаптопите. Службите што ја спровеле набавката велат дека се работи за средства добиени од донација, но за подетални информации побараа да им се обратиме писмено. До објавувањето на текстот, не добивме договор.

Во членот 3 од Договорот со „Неоком“ пишува дека средствата се обезбедени „преку Договорот за реализирање на финансискиот придонес во рамките на Програмата за поддршка на парламентот“.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани