Машала УСТАВНИТЕ СУДИИ САМИ СИ ИЗГЛАСАА 35% ДОДАТОЦИ НА ПЛАТАТА БЕЗ ДА ГИ ПОМИНАТ ЗАКОНСКИ ВО СОБРАНИЕТО
  Објавено на
share

 УСТАВНИТЕ СУДИИ САМИ СИ ИЗГЛАСАА 35% ДОДАТОЦИ НА ПЛАТАТА БЕЗ ДА ГИ ПОМИНАТ ЗАКОНСКИ ВО СОБРАНИЕТО

 

Уставниот суд вклештен помеѓу правото и политиката - Нова Македонија

„Покрај правото на плата и други надоместоци, судиите на Уставниот суд имаат право на додаток на плата за: посебни услови за работа, постоење на висок ризик и доверливост“, се вели во одлуката што си ја донеле сами уставните судии на 22 октомври.  

Уставните судии на 22 октомври сами  си изгласале додатоци во висина до 35 отсто од месечната плата за да бидат исти како судиите и обвинителите, но направиле преседан. Додатоците си ги вметнале во Деловникот за работа на Уставниот суд, место парламентот да им ги изгласа со закон. 

Кај нас, со посебни закони за плати на судиите (во редовното судство) и на обвинителите се регулирани надоместоците на овие две професии, како што е секаде пракса во светот кога станува збор за ризици во работата. За уставните судии таков закон нема, зашто тие земаат поголеми плати од обвинителите и од редовните судии во основните, апелационите, управните судови и во Врховниот суд, а немаат ни толкав ризик во работата.

Уставните судии не сослушуваат обвинети, не одредуваат притвор, не судат за организиран криминал, ниту за корупција, убиства, силувања, педофилија. Не одат на увид на несреќи, не трпат таков тип ризик во работата. А тие токму за овие ризици си предвиделе надоместоци со Деловник за работа. 

„Во Деловникот на Уставниот суд по членот 10 се додава 10-а, кој гласи:

Покрај правото на плата и други надоместоци, судиите на Уставниот суд имаат право на додаток на плата за:

-посебни услови за работа

-постоење на висок ризик

-доверливост

Вкупниот износ на висината на додатоците од ставот 1 на овој член, не може да изнесува повеќе од 35% од основата на платата на судијата. Додатоците од ставот 1 на овој член, нивната висина и начинот на утврдување се уредуваат со акт на Судот“, стои во одлуката објавена во Службен весник. 

Професорите по уставно право, кои всушност ја воочија пред САКАМДАКАЖАМ.МК оваа небулоза, прашуваат: „Кој е ризикот во работата на уставните судии? Што има тука доверливо кога постапката во Уставниот суд е јавна?“.

„Место да стават одредби за јавни расправи, за тоа дека мора да се даде можност на подносителот да ја образложи иницијативата, одредба за рокови за постапување, зашто ги држат одредени иницијативи, предмети и по 5 години во фиоки, уставните судии со Деловник си предвиделе надоместоци на платите“, велат соговорниците.

Никаде нема пракса со Деловник за работа да се воведуваат додатоци на плати, зашто со овој акт се пропишуваат процедурата и правилата во една институција, а не и платите и додатоците, остро забележуваат професорите по уставно право со кои разговаравме.

Одлуката за додатоците веќе е објавена во Службен весник и таа може да се примени. Не е познато откаде ќе скратат уставните судии за да си добијат 35 отсто покачување, со оглед на тоа што многу се жалеа на недоволни примања пред да ја турнат владината уредба за задолжително донирање за борбата против коронавирусот и да ги спасат своите плати.  Се жалеа дека државата ним од Буџетот им дава само за плати на судиите и на службениците и по нешто за фотокопир.

Уставните судии и стручните соработници тврдат дека ги урнаа сите рекорди во поднесени и решени иницијативи, зашто за време на вонредната состојба, пред Уставниот суд беа оспорени речиси сите стотици уредби што ги донесе Владата периодот на вонредна состојба.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани