Пресметано количеството честички на вирусот во организмот на пациент со Covid-19
  Објавено на
share

 

Пресметано количеството честички на вирусот во организмот на пациент со Covid-19

Биолозите откриле дека секоја клетка инфицирана со новиот коронавирус SARS-CoV-2, содржи десет единици од вирусот, а вкупно пациент со Covid-19 во време на пикот на заразата пренесува од една до сто милијарди вирусни честички, покажуваат резултатите од истражувањето објавени во медицинскиот портпарл на предпринти medRxiv.

За да се процени контролата на ширењето на коронавирусната инфекција и за да се развијат стратегиите за нејзиното сузбивање, научниците велат дека е потребно да се знае колку вирусни честички носи заразеното лице, во зависност од тежината на болеста и неговата телесна маса, со што ќе се дознае и концентрацијата на вирусот во организмот.

Научниците од израелскиот Научен институт „Вајцман“ заедно со тим американски колеги го проучувале вирусното оптоварување на ткивата и телесните течности кај луѓето и макаки-резус мајмуните заразени со вирусот SARS-CoV-2. Се покажало дека просечно секоја заразена клетка содржи десет вирусни честички – вириони. За да се процени вкупниот број на вирусните честички кај заразено лице, научниците ја помножиле вирусната концентрација во секое ткиво со вкупната маса на ткивото.

Резултататите покажале дека најголемата концентрација на вируси отпаѓа на клетките од белодробното ткиво, а во помала мера врз клетките на респираторниот и дигестивниот тракт. Меѓутоа, дури и во нив таа е далеку од максималното можно количество.

Меѓу еден и десет проценти од клетките во белите дробови и дишните патишта го содржат рецепторот ACE2, неопходен за коронавирусот да може да навлезе во клетката, Доколку сите биле заразени, вирусното оптоварување ќе било многу поголемо отколку што било забележано при истражувањето. Тоа, според научниците, значи дека не сите клетки со рецепторит ACE2 се заразуваат со вирусот.

„Нашата процена за вкупното количество вириони може да биде искористена за да се пресметаат моментално непознатите параметри, како што е пропорцијата на потенцијалните клетки-домаќини, заразени во текот на пикот на инфекцијата. Знаењето на апсолутниот број вириони кај болно лице ќе помогне во процената на реакцијата на имунолошкиот систем, пресметување на минималните заразни дози и областите на откривање за време на тестирањето“, пишуваат авторите на студијата.

Општо земено, во организамот на заразено лице, според оцените на истражувачите, се содржат од 109 до 1.011 вирусни честички со вкупна маса не поголема од 0,1 милиграм. Тоа значи дека тежината на сите вируси на SARS-CoV-2 во светот до денес не надминува еден килограм.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани