(Обновено) Разболувањето од ковид-19 треба да се сфати сериозно. Од една страна, од вкупниот број на дијагностицирани пред 14 дена умреле 3,50%. Од друга страна пак, од сите коишто влегле во болниците пред 14 дена (просечното време на болничко лекување) до денес умреле вртоглави 33,1%! Поточно, од сите дијагностицирани пред 14 дена 10,0% стигнале до болница, а од тие коишто влегле во болница 33,1% (секој трет) починале.
Просечниот временски интервал од хоспитализирањето до смртниот исход (14 дена) го утврдуваме по графоаналитички пат, на втората слика, мерејќи го временскиот интервал меѓу преломните точки на вкупниот број на хоспитализирани и починати.
Затоа, за да избегнете влегување во болница, најсигурниот начин е - воопшто да не се разболите.
Во меѓувреме нашите здравствени власти ги прошируваат болничките капацитети (каде што ќе умира секој трет), наместо да го сопрат разболувањето, страдањето и умирањето. Ама ете, процениле дека лекувањето и умирањето биле поевтината варијанта. А народ како народ, им верува, па дури и се радува што не мора да се лишува од довчерашните хедонистички навики и мисли дека умирањето им се случува само на некои други.
Забелешка: treker.mk сите починати ги смета за починати во болнички услови, што малку ја поткрева стапката на болнички леталитет. Проценето е дека само 5% од починатите умреле во вонболнички услови, што е земено во предвид во пресметката.
Тука да споменеме уште еден загрижувачки податок. Од вкупниот број на затворени случаи до денес (5.136) со смртен исход во болнички услови завршиле 1.948 случаи, односно неверојатни 37,9%!